Неодамнешната посета на Александар Дугин на Македонија предизвика голем интерес и дебати и во интелектуалните кругови а и кај обичниот народ. А кој всушност е Дугин?
Политичкиот научник, стратег и идеолог, со Чеховски изглед, познат како “Распутин на Путин” или “Мозок на Путин” е исто така социолог на високо престижниот Московски Државен Универзитет, плоден писател, советник на клучните политички и воени личности и артикулатор на Руската национална филозофија која е одобрена и прифатена како своја од страна на Кремљ. Дугин се смета за идеолошки татко на Путин, нешто слично што беше Стив Банон за сегашниот Американски Претседател Доналд Трамп. Прочитај повеќе овде: Дугин и Банон, политички стратези од кои зависи иднината на човештвото.
ЕвроАзиската Идеја
Зоран Славјански, кој имаше можност да биде со Александар Дугин за време на неговиот престој во Македонија вели: Самиот Дугин не се претставува ниту како спасител, ниту како магионичар, тој е православен верник, филозоф кој својот поглед на свет го претставува во 4-та политичка теорија (прочитај во подлабока анализа подолу во овој текст). Дугин, кој не пие алкохол и се крсти пред јадење, е духовник со силна филозофска мисла која е преточена во систем за да помогне на својот и другите народи.
И ЕвроАзиското движење, кое исто така е идеја и на последниот велик Француски Претседател Шарл де Гол ( прочитај повеќе тука: Се Возобновува Идејата на Шарл де Гол за ЕвроAзија од Лисабон до Владивосток) има свои филијали во Латинска Америка, Сад, Азија, Европа итн. Евроазиството е Линукс, free-слободно, open-source-отворено секој да може да го подобрува, без притоа да има патент, екслузивност и да биде наметнатно на другите.
Овој космополитизам на Дугин кој зборува 10 светски јазици го фрла во вода секој обид на западните ФејкВести медиуми да го обележат како националист. Исто како и Дугиновото залагање за создавање на некоја нова крос-културна нација (на Словените и на Туркојазичните народи) на анти-атланската, традиционална идеологија ги става во мат позиција сите кои се обидуваат да го оцрнат него и неговата идеја.
Дугин и Македонија
Дугиновата посета на Македонија беше исклучителен настан обележан со неговата изјава: Никој Нема Право да ве Притиска да си го Менувате Името! Историска Изјава на Советникот на Путин во Македонија!
Зошто е ова важно за Македонија? Како што вели Славјански, ја живееме темнината која ја покри нашата земја, антивредности кои се инсталираат забрзано во сите слоеви на нашето општество и немоќта на НАШИТЕ ЕЛИТИ, филозофи, интелектуалци да одговорат на сето тоа. Изразен македонски индивидуализам без желба за систем.
Во таков еден контекст Дугин ја шири народната дипломатија, која е контакт на нтелектуалците, филозофите, мислителите, духовниците од двете земји, продолжува Славјански, и тоа го чини несебично, искрено, чесно. Така пристапија и Македонците во саботата во преполната сала во хотел Континентал, тоа беше ден каде повторно се споија македонската и руската душа, интелект, мисла, заклучува Славјански.
Дугин меѓу многу разни теми зборуваше и за потреба на бранење на својата идеја на интернет мрежите, што е и тема на неговата книга, Војување на Мрежите. Една од најважните пораки на Дугин беше обединувањето на патриотските сили. И во други земји како и во Македонија во вакви моменти постојат повеќе сили и лидери кои се караат како да ја поделат кожата на сеуште неубиената мечка, рече Дугин, повикувајќи на единство околу заедничката патриотска цел.
Филозофијата на Дугин, 4тата Политичка Теорија
Додека филозофијата на Дугин често се дава во кратки клипови и саундбајти таа е длабоко научно втемелена и обработена во неговите бројни книги како што покрај гореспоменататата Војување на Мрежите, се неговите клучни трудови, Основи на Геополитиката, и, 4тата Политичка Теорија. За подлабоко запознавање пренесуваме едно резиме на неговата светски позната 4та Политичка Теорија.
Филозофијата на Дугин се темели на отфрлање на трите досегашни доминанти идеологии, западниот либерализам, комунизмот и фашизмот и предлага нов концепт кој го вообличува во неговото дела Четврта Политичка Теорија. Она што Дугин го предлага наместо она што го гледа како трите мртви и умирачки идеологии е неговата “Четврта политичка теорија”. Неговата филозофија се повикува на коренот на самосвеста на човечкото суштество кој е сега разводнет во современиот простор доминиран од дехуманизирачка технологија. Бидејќи овој корен на битие се разликува од личност до личност и од култура до култура, светот треба да има мултиполарна поделба на моќ, наместо една суперсила во САД. Наоѓањето на начин да се спроведе таков нов начин на гледање на светот, по Дугин, ќе го врати чувството на идентитет на луѓето кои го губат целиот свет.
Во продолжение ви пренесуваме подетална анализа на 4тата Политичка Теорија на Александар Дугин изработена од Жарко Стојановиќ. Мултиполарниот свет го карактеризираат некои посебни претпоставки, баш како и униполарниот свет (глобализмот и мондијализмот). Уште повеќе, мултиполарниот заговара (мета)идеологија спротивна на либералната. Но не заради тоа што старите идеологии му се спротивставувале на либерализмот (фашизам и комунизам) историски колабирале, ниту затоа што тие изгубиле, туку затоа што во својата структура содржат една врста идеолошки вирус кој, заедно со притисокот (на либерализмот) од надвор, на крај означуваат пораз на сите три идеологии. Во политикологијата за сите варијанти на либерализмот, како и за либералната демократија, прифатен називот “Прва политичка теорија”. Комунизмот е “втора”, а цел спектар на идеологии кои на било кој начин се блиски со европскиот фашизам и “третиот пат” начелно се нарекуваат “Трета политичка теорија”.
Современата глобализација се градеше тргнувајќи од првата политичка теорија, која беше издигната до степен на цивилизациска матрица – парадигма чиј чист израз е современиот атлантизам и “Цивилизација на Морињата”. Затоа глобализацијата подразбира трансформација на либерализмот во некоја уште поопшта структура – различна и од класичната идеологија и од политичката теорија.
Либерализмот (или поточно неолиберализмот) стана планетарна (мета)идеологија која од една страна се стопи со атлантската социолошка матрица на “Цивилизацијата на Морето”, а од друга страна, од чисто идеолошки аспект, таа идеологија напаѓа на секој, било кој објект во глобализираниот свет. Носителите на таа (мета)идеологија денес станаа, не толку интелектуалците, политичари и јавни личности, нити големите медиуми, колку самата технологија и облици на финансискиот платен промет, индивидуалните хексадецимални електронски броеви, малупродажните ланци, модните марки и домашните апарати. Тешко се наоѓа подобар промотор на неолибералната (мета)идеологија од ланецот на Мекдоналдс рестораните за брза храна, Windows оперативниот систем, пребарувачот Google, кредитните картички и мобилните телефони. Сите тие предмети и технологии “емитуваат” идеолошка енергија на објектот кој повикува на “конектирање”, “сурфање”, “водење по новите трендови” и.т.н.
Современиот либерализам никого не уверува, не образложува и не ја докажува својата исправност и конзистентност – тој секојдневно работите ги фаќа во својата глобална мрежа, која исто така станува нужност и се инсталира во “хардверот” баш како и компјутерски програм.
Меѓутоа, потребно е мултиполарниот свет исто така, да се смести во одредена идеолошка теорија, односно од стојалишта кои успешно можат да се спротивстават на неолиберализмот – така да таа теорија изразува (мета)идеологија и поинаква парадигма, односно поинаков тип на цицилизација со континентална ориентација, а не морска. За да би била прецизна, таа политичка теорија мора да се обликува што е можно повеќе воопштено флексибилно, за да биде способна да ги опфати најразличните, понекогаш противречни идејни рамки. Мултиполарноста претпоставува вредности во разликите и разноврсноста, која го зема како позитивен феномен. Затоа мултиполарноста како потполно автентична (мета)идеологија, не може да стане нити догматска, нити круто структурирана. Нејзина главна и општа особина ќе биде токму заговарањето на широк спектар автентични, локални и регионални, социолошки, културни, политички и економски можности, со оглед на нејзината спротивставеност на либералната еднообразност и стандардизација во глобалното универзално човештво.
Иако втората и третата политичка теорија постојат во поинакви историски околности, денес веќе подеднакво неприфатливи и неделотворни, потребно е да се запрашаме за развојот на “четврта политичка теорија”.
Токму во таа насока се движи разгледувањето на современите руски социолози, политиколози и филозофи (1), како и еден спектар на европски интелектуалци во континенталните центри (2).
Во најопшт облик “Четврта политичка теорија” ги содржи следните основни поенти:
. главен принцип е слобода на општествените заедници, односно слободен избор на динамика и насоки во нивниот историски развој, создавање на различни општествено-политички и културни облици; (3)
. афирмација на временскиот плурализам помеѓу линеарното време и “напредокот” , бидејќи времето е нешто повеќе од локален социолошки феномен во Западната цивилизација. (4)
. признавање на потполна еднаквост на западните и источните модерни и архаични технолошки и економски развиени и таканаречени “заостанати” народи;
. отфрлање на секаков експлицитен и имплицитен облик на расизам (културен, економски, технолошки, цивилизациски и.т.н.)
. признавање на правата на општествените заедници да ствараат верски, политички како и секуларни идеи, или воопшто да не ги ствараат; теологија и догматика (па и митологија) можат да служат како сериозно тло за носење на политички одлуки, еднакво како и секуларната логика и рационалните интереси;
. обавезно поврзување на општествено-политичките и културни облици како во просторот, така и во историјата, како специфично семантичко поле, надвор од кое разноврсните општества ја губат својата цел;
. нагласување на поимите како Dasein, или ту-битак, кој е различен за претставниците на различни општества; кој всушност е основна состојка во стварањето на “четвртата политичка теорија”; (5)
. признавање на плуралитетот и разноврсноста како највисоки човечки вредности, така да секој надворешен напад и притисок (посебно глобалистички) мора да резултира со санкции од страна на надлежните политички и стратешки тела кои ја признаваат Четвртата политичка теорија и мултиполарниот свет. (6)
Да се потсетиме на теоријата на Карл Шмит за “Земјините Номоси”, од која можат да се изведат најважни заклучоци, према наводите на современиот француски филозоф Ален де Беноа:
Шмит заклучува дека на Земјата до сега постоеле три Номоси. Првиот е Номос на антиката и средновековието, кога цивилизациите живееле во поголема изолација една од друга. Понекогаш е извршено империјално поврзување на пример Римско, Германско или Византиско царство. Вториот Номос настанал кога се појавиле модерните држави и нации, после 1648год. и Вестфалскиот договор, а се завршува помеѓу и со двете светски војни – тоа е Номос “нација-држава”. Третиот Земјин Номос стигнува со биполарната регулатива во време на Студената војна, каде светот е поделен на источен и западен: тој Номос завршува со падот на Берлинскиот ѕид и распадот на Советскиот Сојуз.
“Прашањето е кој ќе биде новиот Земјин Номос? Тука се приближуваме на темата Четврта политичка теорија која допрва треба да се роди. Тој “Четврти Земјин Номос” во моментов пробува да дојде на свет. Мислам и длабоко се надевам, дека тој Четврти Номос ќе биде голема континентална логика на евроазиство, на евроазискиот континент”.