Антонио Милошоски до Раководството на ДПМНЕ: Доста Тактизирање, Време е за Став без Страв!
Сподели на социјалните платформи:

Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи го прозва раководството на својата партија велејќи дека конечно дојде време за став, без страв.  Милошоски побара од раководството на ДПМНЕ да престане „математички прецизно“ да тактизира во критиките на владините политики. Да подсетиме дека Милошоски не присуствуваше на нодамнешниот партиски конгрес и покрај препораките на ДПМНЕ присуствуваше на двата големи СеМакедонски протести на 27ми Февруари и на 4ти Март. Прочитај повеќе овде: Антонио Милошоски не го Испочитува Оградувањето на ДПМНЕ и ќе Присуствува на Семакедонскиот Протест на 27ми во Скопје!

Повод за денешниот став на Милошоски е однесувањето на Владимир Милчин, поранешен жесток подржувач на нелегитимнот квислинг Заев, кој сега се потура со пепел и “глуми опозиција”.

Со сите суштински идеолошки разлики со него како социјал-демократ и контраверзите од неговиот влог во режираната “шарена револуција”, сепак треба да се каже дека вчера Милчин јавно и без тактизирање ги фрли критиките што кон власта би требало да ги упати лидерот на опозицијата
– за името и уцените
– за Грција и уцените
– за неверувањето во Заев и неговата уценетост
– за немањето реформи
– за неспособноста на Бујар и Садула
– за фаличноста на законот за двојазичност
– за можни протести на разочараните граѓани.. , итн
Видовме дека лукаво и организирано ја превземаа власта. Сега, доколку Милчин и неговите истомисленици продолжат со категорични критики кон власта, а водството на ВМРО-ДПМНЕ сеуште “математички прецизно” тактизира, се плашам дека можат да ни ја превземат улогата и на опозиција.
Време е за став, без страв.
 

 

Остави коментар