Уште Еден Удар за ЕУ! Полска бара 850 Милијарди Долари Воена Репарација од Германија!
Сподели на социјалните платформи:

Односите помеѓу Полска и Германија се повеќе од заладени во последно време, заради инсистирањето на Германија, да ја подели одговорноста за мигрантската криза , со останатите земји членки на ЕУ. Полска, Маѓарска и Чешка , го одбија овој предлог, за што минатиот август, Европската Комисија против нив поднесе тужба.

Затоа, Полска го извади својот кец од ракавите, па последнава година, повеќе полски политичари, почнаа се погласно да бараат воени репарации за Втората Светска Војна, од Германија. Полскиот политичар Аркадиуш Муларчик , од партија Закон и Правда (PiS), која е на власт во Полска, во интервју за Полсат Њуз изјави: “Станува збор за огромен износ , кој е оправдан и адекватен, за сторените воени злосторства, уништените градови и села, како и запирање на демографскиот потенцијал на нашата земја“.

Минатата година, група истражувачи, под раководство на долниот дом на Полскиот Парламент, наречен Сејм, почна да работи на овој случај и можностите за барањето воени репарации од Германија, да се реализираат. Муларчик напомена дека се работи за сума од 850 милијарди долари.

Исто така, во изјава за католичкото радио ‘Радио Марија’, братот на трагично загинатиот Полски Претседател, Лех Качински, Јарослав Качински, кој воедно е и Претседател на владејачката партија (PiS) рече: “Германија веќе подолго време одбегнува да ја превземе одговорноста за Втората Светска Војна, а со тоа одбива да говори за воените репарации. Јас, кога бев Градоначалник на Варшава, направивме анализа за воената штета што ја преживеа градот и пресметките покажаа,  дека износот е околу 45,3 милијарди долари”.

Слични изјави дадоа и полскиот Министер за надворешни работи, Витолд Вашчиковски, како и Министерот за одбрана на Полска, Антони Мачиеревич. И тие напоменаа дека Германија мора да ја прифати одговорноста за Втората Светска војна, а на критичарите од ЕУ им кажаа дека ‘се обидувате да ги избришете од меморијата на историјата на Европа, страдањата на пољаците под германска окупација’.

Инаку, Германија возврати на овие напади, со изјава дека воените репарации со Полска се договорени во Договорот од 1953 година и нема зошто понатаму да се отвара ова, за Германија, горливо прашање.

Иако Полска до ден денес нема поднесено официјално барање за воени репарации од Германија, се погласни се тие кои тоа го бараат, како возврат на некоректната германска политика кон Полска, со која Германија бара Полска да прифати дел од 100.000 мигранти, кои деновиве ја ‘напaднаа’ Италија.

Осум години по падот на Нацистичкиот режим, во 1953 година, Германија и Полска, потпишаа Договор со кој Полска се откажа од понатамошно барање на воени репарации. Сега, Пољаците тврдат дека тој Договор е неважечки, бидејќи и бил наметнат на Полска, која тогаш стана членка на Варшавскиот Пакт, каде последниот збор го имаше Русија.

Mинистерството за финансии на соседна Грција во јануари 2013 г. во екот на својата финансиска криза направи анализа за оштетите кои земјата ги претрпела за време на германската окупација за време на 2-та светска војна кои ги оцени во висина од 108 млрд. евра без пресметка на проценти. Половина од тоа 54 милиарди евра биле кредит кој во текот на војната Банката на Грција му го дала на Третиот рајх. Со други зборови за финансирање на нацистичкиот фашизам. Во април 2015 г. Грција официјално ги оцени репарациите што Германија треба да и ги исплати на Грција кои овојпат пораснаа до 279 милиарди евра.

Дали не е навистина созреано времето Р.Македонија или здруженијата на Македонците-деца бегалци и други македонски организации од светот да ја пресметаат висината на репарациите кои Грција треба да и ги исплати на Македонија и Македонскиот народ за геноцидот од 1912-1913г. и 1946-1949 г.? Вака кога како што гледаме официјална Атина и тек како знае добро да пресметува репарации и има добар политички “сенс” за тоа што значи морална и материјална штета од злосторничко и нечовечко однесување.

 

 

 

Остави коментар