Популизмот низ целиот свет е на највисоко ниво од 2та Светска Војна, што е посебно вознемирувачко за иднината и одржливоста на Европа, коментирајќи во врска со неодамнешните италијански избори, рече аналитичарот на Дојче банк, Џим Рид. Рид во својата анализа за клиентите на Дојче Банк пишува дека “тешко е да се извлечеш од фактот дека резултатот од иззборите во Италија е уште едно големо Да за популизмот. Навистина над 50% од гласовите беа дадени за популистичка партија, вклучувајќи ја и партијата со најголем процент – Движењето 5 ѕвезди – и можна влада во разговорите за коалиција со Северната Лига. ”
Загрижувачкиот заклучок на Реид е дека “тешко е да се извлечеш од фактот дека популизмот моментално минува низ глобална експлозија во поддршка“. Рид, исто така, забележува дека, додека горенаведениот индекс не вклучува гласање за партии како на пример Лабуристичката партија на Џереми Корбин, “иако секако може да се тврди дека некои од неговите радикални ставови и политики се популистички по природа“. И ако Дојче Банк ја вклучи поддршката на Корбин на генералните избори во Велика Британија во 2017 година, тогаш нивниот индекс е над 35%, достигнувајќи го нивото од 1940-те и е највисок од почетокот на 21-от век. А ако се зема пошироката дефиниција на национални партии тогаш оваа цифра е преку 50%. Прочитај повеќе детали овде: Победата на Патриотскиот Анти-Корпоративен Глобализам во 2018 во Македонија и глобално.
Табелата десно покажува дека индексот на популизмот на Дојче банк ажуриран со италијанскиот изборен резултат. Табелата покажува дека процентот на гласови за силно популистички партии глобално меѓу населението изнесува околу 32% – ниво кое е кренато и со гласањето за Трамп во 2016 година. Всушност, мора да се вратите во периодот на Втората светска војна кога последен пат дека популизмот имал таква поддршка.
Поставувајќи ги работите уште полоши за “глобалистичкиот” естаблишмент, аритметички, алијансата против ЕУ помеѓу Пет ѕвезди и Северната Лига има целосно мнозинство, и ова ја покажува моќта на популизмот во последниве години, следејќи го примерот на гласање за Брексит, победата на претседателот Трамп во САД и силните настапи за Партијата на Националниот Фронт во Франција и на партијата Алтернатива за Германија во изборите за Бундестагот.
Фокусирано само на Европа бројките покажуваат дека континентот со двоцифрена невработеност кај младите стана жариште за чувство на ревлот и отпор, кое е поврзано со економијата и недостаток на можности, и нема никаква врска со руските оперативци, како што комично тврди Дип Стејт.
Додека Рид забележува дека станува збор за постојан раст очекуван и во следните неколку години, тој подвлекува дека популизмот останува најголема закана “кон глобализацијата и новиот светски поредок од 1980те години наваму”.
Најголем ризик, се разбира, е дека последниот пат популистичкиoт индекс бил толку висок, светот беше фрлен во војна во која загинаа десетици милиони луѓе.