Изборите во Италија, изминатиот викенд, и нанесоа уште еден удар на Европската Унија. Чао Матео Ренци и збогум Федерика Могерини. Збогум Матео Ренци и збогум Федерика Могерини.
Демократската партија на чело со Ренци, која е про ЕУ и која досега беше на власт, изгуби на изборите и доби само 19 % од гласовите.
Имено, на изборите во Италија најголем број на гласови, 32 %, доби популистичката партија на Луиѓи Ди Мајо, ‘5 ѕвезди’ (МС5).
Оваа партија е остро против политиките на досегашната влада на Ренци. Веднаш зад нив е ултра десничарската партија на Матео Салвини ‘Лига Север’.
Партијата на Берлускони ‘Форца Италија’ и неговите сојузници, партијата на Матео Салвини, ’Лига Север’, се анти-ЕУ и анти-мигрантската политика, го формираат најголемиот блок во Парламентот, но немаат мнозинство.
Ова значи дека за нова влада, ќе треба голема коалиција, која тешко ќе се формира. Италија влегува во криза.
Лидерот на досега владеачката Демократска партија, Матео Ренци изјави: “Поднесувам оставка како лидер на партијата. Преминуваме во опозиција, но никогаш нема да направиме коалиција со ултра десничарите”