Силната Народна Енергија од 27ми Формулирана во Ултиматум! Самораспуштање на Нелегитимните и Избори или Народно Собрание!
Сподели на социјалните платформи:

Ултиматумот упатен од 50.000 представници на целиот Македонски народ тече! Силната енергија која и покрај силниот студ и снег зрачеше од луѓето на 27ми Февруари во Скопје на најголемиот непартиски протест во поновата историја на Македонија, е формулирана во ултиматумот упатен од народот и организаторите на протестот. Историскиот непартиски протест беше успешно организиран и покрај медиумскиот мрак, блокада, извртување од двете преплашени партиски врхушки на СДС/ДПМНЕ кои заедно со нивните платенички одродени медиуми се обидоа активно да го саботираат и минимизираат огромниот СеМакедонски протест. Прочитај повеќе тука: Македонија се Крена! Над 50.000 Луѓе ги Делигитимизираа Квислинзите и им Испратија Ултиматум!, и овде: Без подршка, и со активна саботажа на ДПМНЕ/СДС, народот сам организира реки од луѓе, автобуси од Македонија и Европа за протестот во Скопје!

 Ултиматумот упатен од 27ми Февруари е дека доколку не дојде до самораспуштање на нелегитимната квислиншка власт и распишување на нови избори за демократска изборна потврда на нивните пост-изборни анти-Македонски, анти-демократски, анти-уставни и изборно непроверени дејанија, народот ќе ФОРМИРА НАРОДНО СОБРАНИЕ!

Конкретните 5 итни барања од протестите кои во меѓувреме треба да се исполнат се: (1) Безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија; (2) Повлекување на Законот за употреба на јазиците; (3) Повлекување на Договорот Заев-Борисов; (4) Итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година; и (5) итно ослободување на Едмонд Темелко од обвинение и домашен притвор.

Зад овој ултиматум кон нелегитимната власт стои Макеоднскиот народ кој во огромен број излезе да им го даде за оваа цел легитимитетот на движењата, здруженијата и организациите кои во заедничка координативна мрежа го организираа протестот: (1) Тврдокорни (2) Македонски манифест, (3) Додома, (4) Преродба, (5) Наши, (6) Христијанско братство, (7) Македонското патриотско здружение “Васил Чакаларов“, (8) Код, (9) Ние, (10) Бригада, (11) Македонски обединети сили – МОС, (12) Светскиот Македонски Конгрес, 13) СеМакедонскиот Национален Совет и 14) Единствениот Македонски Пат и многу други кои се приклучуваат кон оваа иницијатива (прочитај повеќе овде).

Часовникот одбројува, трпението на кроткиот Македонски народ е при крај и секое едно неисполнување на поставените барања ќе повлече исполнување на ултиматумот од страна на Македонскиот народ, кој сега е непредставен од двете клиентелистички партиски врхушки, и кој сам преку директна демократија ќе си го поврати недемократски и изборно непроверениот киднапиран легитимитет. Дека народот се отргнува од канџите на двете одродени клиентелистички врхушки кои се ништо друго освен мали семејни бизниси, покажува и фактот дека покрај непартиски обоени граѓани меѓу кои голем дел млади, припадници на 3-та опција, на протестот се придружија голем број членови и симпатизери и на СДС и на ДПМНЕ за што смел пример даде и Антонио Милошоски. Прочитај повеќе овде: Антонио Милошоски не го Испочитува Оградувањето на ДПМНЕ и ќе Присуствува на Семакедонскиот Протест на 27ми во Скопје!

Џабе им беа и саботажите, заплашувањата, медиумското блокирање и минимизирање на продадените одродени медиуми (прочитај повеќе овде: Неподносливата Леснотија на Релативизирањето на Тероризмот од страна на ЦИА, пардон, Дојче Веле.  и овде: Соросоидните ФејкВести Медиуми во Македонија Подло Премолчуваат дека 4 Членки на НАТО Преферираат Да ги Брани Русија а не САД!

А за реките народ нека си ги бројат сами во видеава подолу и некa си плачат пред разбудената сила на Македонскиот народ ……

[fbvideo link=”https://www.facebook.com/igy357/videos/10215320163854208/” width=”267″ height=”476″ onlyvideo=”1″]

 

[fbvideo link=”https://www.facebook.com/zoran.slavjanski/videos/1435584503218839/” width=”560″ height=”560″ onlyvideo=”1″]

 

Остави коментар