Без подршка, и со активна саботажа на ДПМНЕ/СДС, народот сам организира реки од луѓе, автобуси од Македонија и Европа за протестот во Скопје!
Сподели на социјалните платформи:

Прв пат во поновата историја на Македонија, без логистичка подршка туку напротив, со активна саботажа на двете клиентелистички врхушки на ДПМНЕ/СДСМ, народот сам се организира и со стотици автобуси од цела Македонија и десетици автобуси/чартер летови од Европа доаѓа специјално за протестот на 27ми Февруари во Скопје! Ниту саботажи на квислинзите и Мицкоски ниту снег и студ го спречува Македонскиот народ да излезе и да им постави ултимативни барања и рокови на нелегитимната, пучистичка, не-уставна самопрогласена власт!

Барањата од протестите се: (1) Безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија; (2) Повлекување на Законот за употреба на јазиците; (3) Повлекување на Договорот Заев-Борисов; (4) Итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година; и (5) итно ослободување на Едмонд Темелко од обвинение и домашен притвор.

Ултиматумот од 27ми Февруари до нелегитмната квислиншка власт е: Самораспуштање на Нелегитимната Квислиншка Власт и Нови Избори за Демократска Изборна Потврда на Нивните Пост-Изборни Анти-Македонски, Анти-Демократски и Анти-Уставни и Изборно Непроверени Дејанија! ВО СПРОТИВНО – ФОРМИРАЊЕ НА НАРОДНО СОБРАНИЕ!

https://www.youtube.com/watch?v=YY279V9yHhc

Протестите ги организираат бројни движења и организации здружени во движењето СУМ (Сите за Унитарна Македонија) како заедничка координативна мрежа на следниве организации (1) Тврдокорни (2) Македонски манифест, (3) Додома, (4) Преродба, (5) Наши, (6) Христијанско братство, (7) Македонското патриотско здружение “Васил Чакаларов“, (8) Код, (9) Ние, (10) Бригада, (11) Македонски обединети сили, (12) Светскиот Македонски Конгрес, 13) СеМакедонскиот Национален Совет и 14) Единстевниот Македонски Пат, а најавени се уште здруженија и поединци кои ќе пристапат кон оваа мрежа.

https://www.youtube.com/watch?v=_cCRMRCtNXY

Ја Одбрануваме Македонија, Квислинзите Паѓаат!!!

Сите за Унитарна Македонија – СУМ!

Македонија Вечна!

Остави коментар