Сподели на социјалните платформи:
Повик на Единствениот Македонски Пат до ДПМНЕ и СДС да влезат во Коалиционо Единство со Македонскиот Народ (Симни за да го прочиташ целиот текст)

Движењето Единствениот Македонски Пат – кое засега ги вклучува Преродба, МОС и Тврдокорни и кое е отворено за сите други – и кои се единствените кои го одржуваат жарчето на отпорот од 27ми Април 2017 наваму во Народниот Кампус пред Македонското Собрание со протести, петиции, јавни дебати, ноќни бдеења и правни оспорувања на легитимитетот (прочитај повеќе тука за деталите од правното оспорување на легитиметот: Дојдете Заедно да Побараме ЈО/ОЈО да Постапи по Законот и Да Им го Одземе Легитимитетот на Пучиститепокренува иницијатива за формирање на Народно Собрание составено од врвни професионалци, стари и млади, мажи и жени патриоти и патриотки. Македонскиот народ не ги признава за легитимни институциите инсталирани со пуч и врз основа на украдени избори (прочитај повеќе овде: Украдениот Македонски Патриотски Глас на Изборите Значи Нелегитимни Институции и Неважечки Одлуки и кои применуваат aнти-Македонска и анти-уставна програма која никогаш не била демократски проверена на избори затоа што и не била дел на ниедна политичка партиј вклучително и тие на албанското малцинство! 

Затоа, движењето Единствениот Македонски Пат се надева на разум и демократски капацитет за самораспуштање и организирање на нови избори на кои сите овие и други опции ќе им бидат ставени на увид и одобрување на Македонските гласачи, но нема да ја остави Македонија неподготвено и во вакуум да пречека една таква евентуална катаклизмична ситуација. Народното Собрание го црпи својот суверенитет директно од народот кој во десетици илјади излезе во текот на претходниве месеци за да ја спаси Македонија како држава на Македонскиот народ од анти-уставните рушителски дејанија на платеничката предавничка нелегитимна квислиншка хунта!

https://www.youtube.com/watch?v=YY279V9yHhc

Движењето Единствениот Македонски Пат ги повикува кандидатите предложени од народот што цела година протестира пред Собрание собирајќи над 10.000 петициски потписи и дополнително легитимирани со масовниот протест на 27ми Февруари (прочитај повеќе овде), со гордост да ја прифатат оваа голема и историска чест. Македонскиот народ со овој чин ги делегитимира сите постојни политички клиентелистички врхушки во парламентот кои се во џебот на исто така делегитимираниот од самите Американци, Џес Бејли.

Формирањето на Народното Собрание има за цел и политички притисок до нелегитимната власт да се самораспушти и организира нови избори, и, да може веднаш да се ефектуира во случај на спектакуларен брз пад на квислиншката хунта од било кои причини вон наша контрола. Техникалиите за ова мудро и трезвено се анализираат како и пресретнувањето на сите (бројни) ризици, иако ризиците од статус кво се исто така огромни а дури и загарантирани. Македонија е гордо дел од глобалното патриотско движење на братските слободољубиви народи во сите земји на светот и е на правата и победничката страна во оваа борба за душата и иднинта на човештвото. (прочитај повеќе овде: Победата на Патриотскиот Анти-Корпоративен Глобализам во 2018 во Македонија и глобално!

Да излеземе на 27ми Февруари и да дадеме вистинска подршка на мајка Македонија и да викнеме НЕМА ТАКВИ ПАРИ НА СВЕТОТ ЗА КОИ ЌЕ ЈА ПРОДАДЕМЕ ТАТKОВИНАТА И ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА. Да го продолжиме делото на нашите неправедно затворени браќа и сестри и како знак на солидарност со нашите Македонски Хероји и Хероини, Уставобранителите Елена, Игор, Владо, Горан, Илија, Панче, и другите.

Ве оставаме со светата порака на Г. АГАТАНГЕЛ КОЈ ПРЕД НЕКОЈ ДЕН УПАТИ СИЛНА ПОРАКА: НЕ ЈА ДАВАМЕ МАКЕДОНИЈА и продолжи: “Не мислиме оваа земја туку-така да ја дадеме, како некој што мисли ќе поминат нивните очекувања како сега што се очекува месеци или година, може и недела-две ќе биде, но јас сум мислам дека ние како народ сме добродушни, трпеливи, имаме смирение…но кога ќе зоврие, кога народот наш македонски ќе почувствува дека го губи најсветото, името македонско, кога ќе ја изгуби својата Македонска православна црква…ние сме еден ѓердан македонски и сега сака некој со жилет да ги сецне бисерите и да излетаат…НО НЕМА, имаме ние Македонци, комити, браќа што цврсто ќе застанат на браникот на нашата татковина Македонија! Јас верувам дека тоа ќе се случи!

 

Остави коментар