Граѓаните се поклонуват и му одаваат почит на Македонскиот Херој Андон Лазов Јанев Ќосето на местото каде што нелегитимната, квислиншка хунта во стилот на уривање на споменици како што тоа во светов го прават само ИСИЛ и Талибанците, ноќе, подло и подмолно нелегално го урна споменикот. Сенката на Ќосето ќе ги прати квислинзите се додека не го вратиме споменикот на истото место. Македонците сведочат дека овај вандалски и варварски чин само уште повеќе го разгорел нивниот гнев и дека ја разбудил свеста кај многу Македонци кои досега и не знаеле кој е Ќосето или каде се наоѓа неговиот споменик.
Зошто е важно сега да се реагира и со групни и индивидуални чинови на протест и одавање почит на нашиот Македонски херој Андон Лазов Јанев Ќосето. Затоа штo ова е само “полесен” и пробен балон после кој во зависност од реакцијата на Македнците, квислиншката власт ќе оди или пак не на другите споменици, Александар Македонски, Порта Македонија итн. Заштитата на Македонските споменици е најважниот чин во одбраната на Македонштината, затоа што како што пишува аналитичарот Андреј Корибко, ако спомениците паднат, паѓа и Македонија. Затоа браќа и сестри, 27ми Февруари е денот да се крене силно глас против сите анти-Македонски, анти-уставни и против-законски диктаторски чинови на нелегитимната марионетска хунта. Прочитај повеќе тука: Силен Херојски Македонски Одговор на Нелегитимната Предавничка Квислиншка Хунта на 27ми Февруари!