(Преземено од СпутникЊуз).
Предлозите за создавање на европска војска,но и недоразбирањата меѓу Вашингтон и Анкара се причина за растечката вознемиреност во САД. Сојузништвото помеѓу Турција и Русија, тврди проф. Филип Ковачевиќ би бил најголемиот геополитички пресврт на 21 век,кој во потполност би ја изменил сегашната геополитичка шаховска табла на Евроазија. Прочитајте повеќе овде за Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија и овде: Продадените Елити се Собраа во Давос на Тажачка и Погреб на Соросовиот Антинационален Глобализам
Новата европска програма наречена “Постојана структурна соработка”(ПЕСКО) која се однесува на зајакнувањето на односите во сферата на одбраната и безбедноста внатре во ЕУ, се повеќе произведува дисонантни тонови на релација САД-ЕУ ,што го потврдува и неодамнешното пишување на “Фајненшл Тајмс” , кој наведува дека Вашингтон е “загрижен” поради воената соработка внатре во самата ЕУ.
“Њујорк Тајмс” истотака открива дека истовремено постои и загриженост на американско-воено индустриски комплекс поради можните последици од европскиот проект ПЕСКО, па САД,како наведува овој весник, ја предупредува ЕУ дека зајакнувањето на воената соработка не треба да се користи како изговор за заштита на европската воена индустрија, и истакнуваат дека таквите пракси можат да го поткопат НАТО.
Американската преставничка во НАТО Кеј Бејли Хачинсон во врска со ова изјавила дека Америка “сака овие страдања да бидат протекционистички средства за ЕУ”, додека пак големата преставничка на Пентагон Кејси Вилбергер се надоврзува дека САД не сакаат напорите на ЕУ “штетно да влијаат на потребите на НАТО”.
Исто така,Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на Минхенската безбедносна конференција поздравувајќи ја посветеноста на европските земји за јакнењето на воените капацитети,сепак предупреди дека ” ЕУ сама неможе да ја заштити Европа ” во случај на војна,додека нешто порано германскиот и францускиот министер за одбрана се заземаа за заедничка европска војска,со порака дека одбраната на Европа не смее да зависи од САД,односно од НАТО. Прочитајте повеќе овде: Минхенската Безбедносна Конференција Потврди Дека САД, ЕУ и Глобалистите се во Хаос, Дефанзива и Пред Распаѓање!
Коментирајќи за Спутник вакви изјави на високи функционери на Германија и Франција , како и обидот за создавање европска војска, Филип Ковачевиќ, визитинг професор по геополитика и безбедносни студии на Унверзитетот Сан Франциско во Калифорнија, оценува дека тие се пред се првенствено предизвикани од “шамарите” кои овие држави ги добиваат од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп добро знае колку е ЕУ зависна од САД на полето на безбедноста и одбраната и тоа го користи да ги притисне европските држави да купуваат оружје и услуги од САД многу повеќе од порано. Пристапот на Трамп во меѓународните односи е многу единствен и брутален,ако купувате американски производи и услуги ,и со тоа допринесувате во богатењето на воено-индустрискиот комплекс,тогаш сте пријател. Ако тоа не така,тогаш сте лош, и Америка ти го врти грбот. Европските лидери не се навикнати на таков третман (иако неможе да се каже дека не се го заслужиле), па пробуваат да контрираат на разни нивоа, вклучувајќи го и овој поврзан со војската. Но сето тоа оди многу бавно и трапаво – објаснува Ковачевиќ. Прочитај повеќе за колапсот на глобализмот: Продадените Елити се Собраа во Давос на Тажачка и Погреб на Соросовиот Антинационален Глобализам.
Професорот Ковачевиќ подсетува дека ЕУ истовремено “има огромни внатрешни проблеми поврзани со невработеноста,миграцијата,сиромаштијата,организираниот криминал и корупција во самиот врв”, и напоменува дека само во Брисел делуваат повеќе од 10 илијади лобисти,што,по негово мислење,вложувањето на ЕУ во некои нови воени инфраструктури,всушност се сведува на” замајување нa јавноста”. Прочитај повеќе овде: Каскадното Пропаѓање на ЕУ Продолжува, Признава и “Ѕвездата” на Глобалистите, Макрон!
“Европската Унија нема ни адекватно политичко лидерство кое може да измисли и спроведе автентична геополитичка агенда. Истотака не е помалку важно и тоа што европската информативна инфраструктура темелно е инфилтрирана од страна на американската информативна служба. Сигурен сум дека постојат цела низа на компјутерски материјали со кои овие служби би можеле да ги уценуваат “непослушните” европски политичари за да не скршнат од атлантскиот пат. Подмрднување нема и нема да го има се додека не се створи критична маса на граѓани и граѓанки низ Европа кои ќе инсистираат и посакуваат суштински и коренити промени во функционирањето на ЕУ. Тогаш и прашањето за целисходноста на НАТО ќе дојде на дневен ред, вели Ковачевиќ. Прочитајте повеќе овде: Австрискиот Канцелар Себастијан Курц најави повлекување на САД и распад на ЕУ!
САД и се одмаздува на Турција преку Курдите
Од друга страна,ситуацијата која сериозно би можела да ја загрози целовитоста на НАТО,како што мисли нашиот соговорник,се ооднесува на конфликтот на релација Анкара – Вашингтон, па Ковачевиќ наведува дека е “јасна американската подршка на Курдите во Сирија како директен одговор и одмазда за свртувањето кон Русија од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган”. Прочитајте повеќе овде за внатешната војна во НАТО: 3-та Светска Војна! Турците им Ветија на Американските Војници “Отомански” Шамар и Најавија Инвазија на Грција!
“По мое мислење, планот на атланските стратези беше да предизвика војна помеѓу Русија и Турција. Кога Ердоган одби да учествува во такво погубно сценарио,беше направен пуч против него. После неуспешниот пуч сега се тргна на друг начин ,со помош на оние кои се насочени против турската држава. Овде морам да истакнам дека сојузништвото помеѓу Русија и Турција ,доколку се оствари ,а тоа сеуште не се знае,зошто и во Турција и Русија има агенти под влијание на Западот работат против него,би бил најголемиот геополитички пресврт на 21 век зошто во потполност би ја изменил сегашната геополитичка шаховска табла на Евроазија”- мисли Ковачевиќ.
Ковачевиќ исто така додава и дека руско-турскиот сојуз би бил возможен доколку би се “надминале некои историски теми кои се провлекуваат веќе стотина години,уште од падот на Византија” а кога ,по неговото кажување “руското царство под влијание на Западните емисари беше втурнато во конфликт со Осмалинската империја.”
“Секако со ова сојузништво нема само НАТО да биде раздрман, туку и цела Европска Унија би морала поради економски причини да се сврти кон Истокот. Кога на тоа ќе се додаде ,се поголемото влијание на Кина, тогаш навистина би се створила можност за едно фундаментално( базично),историско обединување на Евроазија како политичка визија на францускиот претседател Шарл де Гол за заедницата од Лисабон До Владивосток(и Пекинг) (Прочитајте повеќе за историјатот на Евроазиската идеја овде) (Гугл Преведувач на Македонски). Лондон и Вашингтон првпат по смртта на Сталин би останале со празни раце и цела нивна хегемонија би се свела на регионални димензии- заклучува Ковачевиќ.