(Обновено) (1) Безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија; (2) Повлекување на Законот за употреба на јазиците; (3) Повлекување на Договорот Заев-Борисов; (4) Итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година; и (5) итно ослободување на Едмонд Темелко од обвинение и домашен притвор.
Ова се ултимативните барања на Македонската координативна мрежа СУМ – Сите за унитарна Македонија – представени на вчерашната прес конференција за најава кулминација и премин во следната фаза на отпор на 27ми Февруари, вторник од 18 часот во Скопје, со општиот и заеднички СеМакедонски протест. Нема да им дадеме на нелегитимната квислиншка власт и нивните наредбодавачи од Дип Стејт кои и самите се делегитимирани од слободољубивиот Американски народ со поразот на нивниот глобален шеф Хилари Клинтон, да ни ја земат Македонија на заминување, недемократски, нелигитимно, анти-уставно, тивко, подло и подмолно (прочитај повеќе тука: Украдениот Македонски Патриотски Глас на Изборите Значи Нелегитимни Институции и Неважечки Одлуки – Анализа). Уште повеќе кога нивната фашистичка опција за свет без нации и граници а во корист на 0,00001% од елитата околу Сорос е поразена во цел свет, Европа и на Балканот (прочитај повеќе овде: Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија и овде: Австрискиот Канцелар Себастијан Курц најави повлекување на САД и распад на ЕУ!
Доколку нелегитимните институции не постапат по барањата на Македонскиот Отпор, бараме самораспуштање на Собранието и одржување вонредни парламентарни избори на кои народот ќе има можност да се изјасни за овие анти-уставни и анти-државни активности кои никогаш не биле предмет на изборна проверка пред народот и за кои квислиншките нелегитимни власти немаат право недемократски, диктаторски и насила да ги туркаат затоа што и онака ќе бидат правно невалидни и неприфатени (за повеќе детали околу протестите ко се одржуваат и планираат прочитај тука)!
Македонската координативна мрежа „СУМ“ Сите за унитарна Македонија не е ново здружение или организација туку ОБЕДИНУВАЊЕ на сите здруженија, организации, неформални групи и поединци кои се сериозно загрижени за процесите што се случуваат во нашата татковина – Р. Македонија.
Движењето СУМ (Сите за Унитарна Македонија) е заедничка координативна мрежа на следниве организации (1) Светскиот Македонски Конгрес, (2) Македонски манифест, (3) Додома, (4) Преродба, (5) Наши, (6) Христијанско братство, (7) Македонското патриотско здружение “Васил Чакаларов“, (8) Код, (9) Ние, (10) Бригада, и (11) Македонски обединети сили. Најавени се уште здруженија и поединци кои ќе пристапат кон оваа мрежа, за што јавноста ќе биде дополнително информирана. СУМ ги повикува сите останати здруженија, движења и организации да се приклучат во оваа Македонска Координативна Мрежа со цел заедничко делување во одбрана на Македонија во наредниве денови, недели и месеци.
Отец Ивица Тодоров, како координатор на активностите и духовно обединувачко лице со цел да нема спорови или обид за постигнување превласт меѓу бројните разнородни движења, организации, рече дека “За прв, а се надеваме и за последен пат, во историјата на човештвото на еден древен народ, на нашиот македонски народ, му се прави притисок тој самиот да се укине себе си, да се обезимени, да се откине од своите корени, да избере самиот да се исуши, да исчезне! Внимавајте на подлоста! Никој на сила однадвор не се обидува тоа да го направи без наша согласност! Не, тие подло и садистички, свесни за злосторството што го прават, очекуваат ние самите ДА СИ ПУКАМЕ ВО ГЛАВА! Но тоа НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ! Народот МАКЕДОНСКИ, подржан и од многу свои сограѓани во РМ, СЕ ОБЕДИНУВА КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА! Знаеме дека сме донесени до бездната! Знаеме дека притисокот е силен, но ЗНАЕМЕ ДЕКА И ОТПОРОТ не бил никогаш толку силен како сега!
Неделава и Митрополитот г. Агатангел излезе со БЛАГОСЛОВ ЗА ОТПОРОТ И СО ПОВИК КОН ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД. ЗАСТАНЕТЕ НА БРАНИКОТ И СОЧУВАЈТЕ ЈА НАШАТА ДРЖАВА, НАШЕТО ИМЕ, НАШИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАШАТА МАКЕДОНСКА ЦРКВА. Митрополитот г. Агатангел рече: “Не мислиме оваа земја туку-така да ја дадеме, како некој што мисли ќе поминат нивните очекувања како сега што се очекува месеци или година, може и недела-две ќе биде, но јас сум мислам дека ние како народ сме добродушни, трпеливи, имаме смирение…но кога ќе зоврие, кога народот наш македонски ќе почувствува дека го губи најсветото, името македонско, кога ќе ја изгуби својата Македонска православна црква…ние сме еден ѓердан македонски и сега сака некој со жилет да ги сецне бисерите и да излетаат…НО НЕМА, имаме ние Македонци, комити, браќа што цврсто ќе застанат на браникот на нашата татковина Македонија! Јас верувам дека тоа ќе се случи!“
На овој СеМакедонски Општ Народнн Протест Македонците ќе речат НЕ за била каква понатамошна дејност на нелегитимната власт и нејзините анти-уставни активности како предлог законот за јазиците, договорот со Бугарија, прекин на преговорите за разликите околу името и ослободување на Уставобранителите од 27ми Април.
Со Македонија не’ има, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно! На 27 февруари 2018 година сите Македонци, по род и државјанство, сите кои ја сакаат Македонија, заедно, громогласно да кажеме, дека сме за “Една и единствена, заедничка и унитарна Македонија!“ Сите Македонци еден за друг!
Да излеземе и да дадеме вистинска подршка на мајка Македонија и да викнеме НЕМА ТАКВИ ПАРИ НА СВЕТОТ ЗА КОИ ЌЕ ЈА ПРОДАДЕМЕ ТАТKОВИНАТА И ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА. Да го продолжиме делото на нашите неправедно затворени браќа и сестри и како знак на солидарност со нашите Македонски Хероји и Хероини, Уставобранителите Елена, Игор, Владо, Горан, Илија, Панче, и другите.
Одлични вести, да се обединиме сите, јас лично очекувам да формираат коалиција дури и политичките партии кои се ЗА МАКЕДОНИЈА, а против оваа таканаречена штетна за Македонија власт, вклучувајќи ги тука и СУМ, како и многубројните останати патриотски здруженија, движења, организации и поединци.