Македонската координативна мрежа „СУМ“ Сите за унитарна Македонија денес одржа прес конференција по повод кулминацијата и преминот во следната фаза на отпор која ќе се случи на 27ми Февруари, вторник од 18 часот во Скопје, со општиот и заеднички народен протест. На овој СеМакедонски Општ протест Македонците ќе речат НЕ за била каква понатамошна дејност на нелегитимната власт и нејзините анти-уставни активности како предлог законот за јазиците, договорот со Бугарија, прекин на преговорите за разликите околу името и ослободување на Уставобранителите од 27ми Април.
На протестот ќе се постави ултиматум за раат распуштање на нелегитимните институции и нови избори на кои народот ќе има можност да се изјасни за овие анти-уставни и анти-државни активности кои никогаш не биле предмет на изборна проверка пред народот и за кои квислиншките нелегитимни власти немаат право недемократски, диктаторски и насила да ги туркаат (за повеќе детали околу протестите ко се одржуваат и планираат прочитај тука)!
Македонската координативна мрежа „СУМ“ Сите за унитарна Македонија не е ново здружение или организација туку ОБЕДИНУВАЊЕ на сите здруженија, организации, неформални групи и поединци кои се сериозно загрижени за процесите што се случуваат во нашата татковина – Р. Македонија.
Движењето СУМ (Сите за Унитарна Македонија) е заедничка координативна мрежа на МОС, Тврдокорни, Единствениот Македонски Пат и здружението Преродба, Светскиот Македонски Конгрес, Движењето ДОДОМА, Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Сојузот на Македонците со исламска религија, Македонски Манифест, Здруженијата на бранителите и Македонски Патриотски Здруженија како МПЗ Васил Чакаларов, Христијанско Братство итн. СУМ ги повикува сите останати здруженија, движења и организации да се приклучат во оваа Македонска Координативна Мрежа со цел заедничко делување во одбрана на Македонија во нреднове денови недели и месеци.
Отец Ивица Тодоров, како координатор на активностите и духовно обединувачко лице со цел да нема спорови или обид за постигнување превласт меѓу бројните разнородни движења, организации, рече дека “За прв, а се надеваме и за последен пат, во историјата на човештвото на еден древен народ, на нашиот македонски народ, му се прави притисок тој самиот да се укине себе си, да се обезимени, да се откине од своите корени, да избере самиот да се исуши, да исчезне! Внимавајте на подлоста! Никој на сила однадвор не се обидува тоа да го направи без наша согласност! Не, тие подло и садистички, свесни за злосторството што го прават, очекуваат ние самите ДА СИ ПУКАМЕ ВО ГЛАВА!
Но тоа НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ! Народот МАКЕДОНСКИ, подржан и од многу свои сограѓани во РМ, СЕ ОБЕДИНУВА КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА! Знаеме дека сме донесени до бездната! Знаеме дека притисокот е силен, но ЗНАЕМЕ ДЕКА И ОТПОРОТ не бил никогаш толку силен како сега!
Нашето мото е:
Јас СУМ Македонец! Јас СУМ Македонка!
Избираме да „СУМ“, да постоиме, а не да „НЕ СУМ“, да не постоиме! Затоа, кога сме „СУМ“, кога постоиме, ќе постои и Македонија, затоа што Македонија не може да постои без Македонци и Македонците не можат да постојат без Македонија!
СУМ и ќе ОСТАНАМ да „СУМ“!
Неделава и Митрополитот г. Агатангел излезе со ПОВИК КОН ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД. ЗАСТАНЕТЕ НА БРАНИКОТ И СОЧУВАЈТЕ ЈА НАШАТА ДРЖАВА, НАШЕТО ИМЕ, НАШИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАШАТА МАКЕДОНСКА ЦРКВА. Митрополитот г. Агатангел рече дека Македонија има доволно војводи и комити кои и во денешново премреже ќе ја спасат Македонија од уништување.
Да излеземе на 27ми Фебруари и да дадеме вистинска подршка на мајка Македонија и да викнеме НЕМА ТАКВИ ПАРИ НА СВЕТОТ ЗА КОИ ЌЕ ЈА ПРОДАДЕМЕ ТАТKОВИНАТА И ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА. Да го продолжиме делото на нашите неправедно затворени браќа и сестри и како знак на солидарност со нашите Македонски Хероји и Хероини, Уставобранителите Елена, Игор, Владо, Горан, Илија, Панче, и другите.
Македонската координативна мрежа „СУМ“
Сите за унитарна Македонија