Лидерот на Турската опозициона партија Кемал Киљадароглу се закани дека ќе изврши инвазија на “18 грчки острови во Егејското Море”, ако партијата повторно дојде на власт. Ова би можело да ја почне Третата Светска Војна ако претседателот Реџеп Таип Ердоган ја пренесе и кон Грција својата агресивна реторика по воената интервенција во Сирија, напиша Британскиот Express.co.uk (прочитај тука) (Гугл Преведувач на Македонски). Кемал Киљадароглу изјави дека ако победи на изборите во земјата кога Турците ќе излезат на гласање следната година, ќе се бори против Грција за преземање на островите откако изјави дека Атина нема “документ” за сопственост над нив.
Изјавите доаѓаат во време откако претседателот Ердоган ја почна воената операција во северниот регион на соседна Сирија, Африн каде веќе Турската војска нанесе удар во кој имаше американски жртви во жестокиот внатрешен НАТО раскол кој го навестува крајот на оваа фашистичка организација (прочитај овде: Внатрешна Војна во НАТО! Турција Убива Џихадисти но и Американски Војници во Северна Сирија!).
Сега веќе отворено и дрско Турскиот претседател Ердоган ги предупреди војниците на Вашингтон со “Отоманска шлаканица” ако не престане да ги финансира курдски борци. Оние што велат дека “ќе реагираме агресивно ако Ердоган нѐ удри “никогаш не пробале Отомански шамар”, рече Ердоган, јавува Breitbart.com (прочитај овде), откако Американскиот Генерал-Полковник Пол Фанк предупреди: “Ердоган ќе нѐ удри ама ние ќе реагираме агресивно. Ние ќе се браниме “, говорејќи пред американските војници во Сирскиот град Манџиб, само неколку стотини метри подалеку од турските воени сили.
“Ќе го уништиме секој терорист што ќе го видиме видовме, почнувајќи од оние што стојат заедно со Американците”, додаде турскиот лидер Ердоган. “Тогаш тие ќе разберат дека е подобро да не стојат заедно со терористите”.
На што Американците кисело ја нарекоа оваа сериозна закана “несериознa”.
US rubbishes Erdogan's 'Ottoman slap' threat as 'funny' https://t.co/btEpgCb60a
— Rachel Middleton (@NewswithRachel) February 15, 2018
Ова го потврдува фактот дека додека нелегитимната квислиншка хунта во Макдонија се обидува обидот за предавство да го завитка во шарена НАТО/ЕУ обланда, овие две институции се фактички во распад. Прочитај повеќе тука: Минхенската Безбедносна Конференција Потврди Дека САД, ЕУ и Глобалистите се во Хаос, Дефанзива и Пред Распаѓање!
Imam predlog:ostrovot krit(namerno so mali
bukvi) da se prekrsti vo Golemo Prijatelstvo
a kipar vo Malo Prijatelstvo.
Abe androkeffalo so kje vi e Makedonskata Istorija.I so nea i bez nea ste androkefalo.