Митрополитот г. Агатангел ќе се обрати на големиот Општ Македонски Протест на 27ми Февруари види тука и тука! Ова следува по неодамнешниот повик на г. Агатангел КОН ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД ДА ЗАСТАНЕ НА БРАНИКОТ И ДА ЈА СОЧУВА НАШАТА ДРЖАВА, НАШЕТО ИМЕ, НАШИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАШАТА МАКЕДОНСКА ЦРКВА.
СеМакедонскиот протест на 27ми Февруари од 18 часот во Скопје го ко-организираат МОС, Тврдокорни, Единствениот Македонски Пат, здружението Преродба, Единствениот Македонски Пат, Светскиот Македонски Конгрес, Движењето СУМ (Сите за Унитарна Македонија), Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, СеМакедонскиот Нaционален Совет -МАКЕДОНИУМ, Сојузот на Македонците со исламска религија, Македонски манифест, здруженијата на бранителите и македонските патриотски здруженија и многу други.
Г. АГАТАНГЕЛ ПРЕД НЕКОЈ ДЕН УПАТИ СИЛНА ПОРАКА: НЕ ЈА ДАВАМЕ МАКЕДОНИЈА и продолжи: “Не мислиме оваа земја туку-така да ја дадеме, како некој што мисли ќе поминат нивните очекувања како сега што се очекува месеци или година, може и недела-две ќе биде, но јас сум мислам дека ние како народ сме добродушни, трпеливи, имаме смирение…но кога ќе зоврие, кога народот наш македонски ќе почувствува дека го губи најсветото, името македонско, кога ќе ја изгуби својата Македонска православна црква…ние сме еден ѓердан македонски и сега сака некој со жилет да ги сецне бисерите и да излетаат…НО НЕМА, имаме ние Македонци, комити, браќа што цврсто ќе застанат на браникот на нашата татковина Македонија! Јас верувам дека тоа ќе се случи!“
Доколку Владата не ги прифати барањата, Македонците бараат самораспуштање на Собранието и одржување вонредни парламентарни избори. Македонците во светот отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
Да излеземе на 27ми Февруари и да дадеме вистинска подршка на мајка Македонија и да викнеме НЕМА ТАКВИ ПАРИ НА СВЕТОТ ЗА КОИ ЌЕ ЈА ПРОДАДЕМЕ ТАТKОВИНАТА И ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА. Да го продолжиме делото на нашите неправедно затворени браќа и сестри и како знак на солидарност со нашите Македонски Хероји и Хероини, Уставобранителите Елена, Игор, Владо, Горан, Илија, Панче, и другите.
Нема да бидат мирни,зошто ете кај не доведе вртењето на другиот образ.Спремете се за војна и за клање
Site patista da ve vodat za glavniot grat Skopje na protesti mirni da im pokazete na nasite politicari kako se saka svoja grutka zemja sto ni ostana
Svet Vladika dedo Agatangel-Blagoslovot Gospodov sekogas da bide so vas i so izmaceniot Makedonski narod,neizmerna Blagodarnost za vasata iskrena zalozba za zacuvuvanje na nasata edinstvena Majka Republika Makedonija i slavnata nasa ni Sveta Crkva.