Македонскиот народ нема да дозволи да се случи менувањето на идентитетот, јазикот, нацијата затоа што тоа воопшто не е можно да се направи. Фиктивен идентитет не постои, вели Др. Вера Лалчевска. Не може да се уценува Македонија со откажување од идентитет за влез во ЕУ/НАТО ниту на Македонија и треба ЕУ/НАТО. Влезот во ЕУ нема да го подобри животот во Македонија затоа што самата ЕУ е во егзистенцијална криза. Македонија само со достоинство може да влезе во било кој организација или асоцијација. Ваков преседан нема да се случи затоа што Македонскиот народ, ниту еден од нас не е подготвен да си го продаде својот идентитет.
Др. Вера Лалчевска се школувала во САД, Франција и во Швајцарија каде сега и работи во престижниот Институт за Меѓународни и Развојни Студии во Женева. Лалчевска ги заврши додипломските студии по политички науки и меѓународни односи во Гетисбург колеџ во Пенсилванија (САД), постдипломските студии во Париз, од кои една магистратура за политички науки, а друга за европско право и економија на Сорбона, и конечно магистерски студии на Дјук универзитетот во Северна Каролина (САД), по политики на меѓународен развој.
Школувана на реномирани светски универзитети, Вера е убедена дека токму нејзините родители, интелектуалци, космополити и вистински Македонци, се најзаслужни за нејзиното изградено мислење околу политиките во Македонија и во светот. Погледнете го целото интервју на оваа смела Македонска Хероина која не се плаши за својата профсионална репутација и за своето работно место и исто така и ти крени го смело својот глас во одбрана на Македонија на протестите кои се одржуваат во твојот град и на наредниот Општ Народен Протест на 27ми Февруари во 18 часот во Скопје (прочитај повеќе тука).
https://www.youtube.com/watch?v=Jq-8te_Tl7k
Samo Edno golemo bravo za vera
Makedonci spasuvajte ja Makedonija za i taa da ve spasuva, ako ja ispustite i vie otidivte pod zemja, a drugo nemame osven taa grutka zemja sto ni ostana , ako i toa otide , podobro bi bilo i samite da se ubieme da ne pagjame vo raze na nepriatelot kako sto go pravele nasite predzi , samo napred so krenata glava za odbrana na tatkovinata,