Интензивирање на Протестите во Македонија и Светот со Кулминација на Општ Народен Протест на 27ми Февруари во Скопје!
Сподели на социјалните платформи:

Протестите се интензивираат и низ Македонија а и низ целиот свет против обидите за рушење на темелите на Македонската државност и Македонскиот дух, култура, нација и идентитет од страна на квислиншката и марионетска наметната со пуч власт. Кулминацијата и преминот во следната фаза на отпор ќе се случи на 27ми Февруари, вторник од 18 часот во Скопје, со општиот и заеднички народен протест на кој Македонците ќе речат НЕ за била каква понатамошна дејност на нелегитимната власт и ќе побараат нови избори на кои народот ќе има можност да се изјасни за овие анти-уставни и анти-државни активности кои не биле предмет на изборна проверка пред народот!

На протести на 27ми Февруари повикаа редица патриотски здруженија, иницијативи и организации и протестот не е подржан ниту од СДС ниту од ДПМНЕ туку активно саботиран од овие две продадени клиентелистички врхушки кои веќе не го представуваат Македонскиот народ. Овој протест е блесокот на новата генерација слободумни, независни, самостојни, горди и патритоски Македонци која ќе ја обнови и облагороди Македонската државност, дух и идентитет преку возобнувањето на 4та Македонска Република.

Доколку Владата не ги прифати барањата, Македонците бараат самораспуштање на Собранието и одржување вонредни парламентарни избори со обезбедување услови за остварување на избирачкото право во седмата изборна единица, без обврска за упис на избирачкото право на секои парламентарни и претседателски избори. Македонците во светот отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Семакедонскиот протест го поддржуваат МОС, Тврдокорни, Единствениот Македонски Пат и здружението Преродба, Светскиот Македонски Конгрес, Движењето СУМ (Сите за Унитарна Македонија), Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Сојузот на Македонците со исламска религија, Македонски манифест, здруженијата на бранителите и македонските патриотски здруженија.

Неделава и Митрополитот г. Агатангел излезе со ПОВИК КОН ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД. ЗАСТАНЕТЕ НА БРАНИКОТ И СОЧУВАЈТЕ ЈА НАШАТА ДРЖАВА, НАШЕТО ИМЕ, НАШИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАШАТА МАКЕДОНСКА ЦРКВА. Митрополитот г. Агатангел рече дека Македонија има доволно војводи и комити кои и во денешново премреже ќе ја спасат Македонија од уништување.

На Протестите се Оцртува Глобалниот Цивилизациски Контекст на Сегашнава Македонска Борба

На протестите во Скопје на 21ви, 27ми и 29ти Јануари народот пренесе неколку длабоки пораки и почнува да ги формулира главните стратешки одредници од својата борба а тие се: Ние не сме сами, ние сме дел од едно многу поголемо глобално патриотско движење. Ние со нашите протести, политичка борба и залагање за одбрана на сувереноста на нациите и државите, ние патриотите сме новите, модерните и единствените вистински глобалисти и интернационалисти. Ние сме тие кои ја подржуваат различноста како богатство на човештовото, наместо униформност а и анационалноста на Соросовиот глобализам. Ние сме модерните космополити, кои прво се сакаат и ценат себеси за да можат воопшто потоа да сакаат, ценат и уважуваат некој друг народ, нација и вера на овој свет, наспроти Соросовата глобализација на безлични, несигурни, завидливи, неуверени анационални бројлери и копи-пејст празни карактери кои чекат некој да им даде секо утро свое мислење, и кои токму такви им се потребни за непречена експлоатација.

Народот порача дека Македонија не сака да влезе во фашистичката НАТО па макар да не примиле и под уставно име. Не за ЕУ и не за НАТО. Не за воено злосторничката организација НАТО од која во последниве две децении загинаа милиони цивили, жени и деца на Балканот, и претежно муслимански жени и деца на Блискиот Исток убиени од куршуми, бомби, дронови и глад! На Македонија не и треба ни бирократската и недемократска ЕУ која е како Римското Царство пред распаѓање и која стана зандана на гордите Европски народи кои немаат право да останат свои на своето туку насила им се носат милиони мигранти, им се укинуваат верски и национални права и се поробуваат за да плаќаат даноци за подржување на новите вахабисти и џихадисти.

Дека она што се случува во Македонија се случува во сите земји со обиди за рушење на легитимни влади со помош на една рака платени одродени домашни квислинзи и дека овие проекти им пропаѓаат по цел свет прочитајте повеќе тука од интервјуто со меѓународниот експерт со светско реноме и учесник на протестите за одбрана на Македонија.

Извадоци од многубројните протести на Македонците низ државата и по светот

Големи собири на Македонците се одржаа и продолжуваат да се одржуваат низ цела Европа, САД, Канада, Нов Зеланд Мелбурн Австралија под мотото „Ние сме Македонија“. Мирните протести се организираат во одбрана на нашите човекови права и за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и државност.

Видете подолу извадоци од протестот на Македонските Патриоти во Прилеп на 9ти Фебруари 2018 под слоганот “Протест за зачувување на Уставното име Македонија”

А еве и информација за протестот на Македонските хероји од Битола на 11ти Февруари.

А во Австралија предстојат и нови протести според овој распоред.

Недела, 18ти февруари 2018г. КАНБЕРА, Масовен народен собир, пред Амбасадата на Р. Македонија во Канбера, со почеток во 12 часот.

Недела, на 4ти март 2018г. СИДНЕЈ, Масовен протест во центарот на Сиднеј, под Мотото „Ние сме Македонија“.

Сето ова како дел од серијата предупредувачки протести во Скопје а сега и низ цела Македонија која ќе кулминира со новата фаза на протести во Вторник, 27ми февруари 2018г. во 18 часот-СКОПЈЕ, со масовен протестен марш од Мисијата на Европската Унија до Собранието на Република Македонија.

Да ги подржиме нашите затворени браќа и сестри Уставобранители во овие за нив многу тешки моменти!   “Сакаат да го потонат бродот Македонија.  Јуда го предаде Бог за 30 сребреници, за колку сребреници денешниот Јуда ќе ја предаде Македонија?” велеше Владо Јовановски.

Да излеземе на 27ми Фебруари и да дадеме вистинска подршка на мајка Македонија и да викнеме НЕМА ТАКВИ ПАРИ НА СВЕТОТ ЗА КОИ ЌЕ ЈА ПРОДАДЕМЕ ТАТKОВИНАТА И ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА. Да го продолжиме делото на нашите неправедно затворени браќа и сестри и како знак на солидарност со нашите Македонски Хероји и Хероини, Уставобранителите Елена, Игор, Владо, Горан, Илија, Панче, и другите.

 

 

2 thoughts on “Интензивирање на Протестите во Македонија и Светот со Кулминација на Општ Народен Протест на 27ми Февруари во Скопје!

Остави коментар