Се Интензивира Отпорот Против Нелегитимната Власт со Протести, Петиции, Иницијативи. Приклучи се!
Сподели на социјалните платформи:

Се интензивира отпорот против нелегитимната марионетска и квислиншка власт поставена од остатоците на Дип Стејт во заминување, Бејли и Ји, кои беа делегитимирани во самата Америка со поразот на нивната кандидатка Хилари Клинтон а се или набркани или во процес на срамно набркување од своите должности поради предавство на Американските национални интереси. Се одржуваат редица протести, настани како деноноќни бдеења во знак на подршка на патриотите, петиции, и правни, политички и оперативни иницијативи (за потпишување на онлајн петицијата кликнете овде). За другите редовни активности како петиции во знак на подршка на барањето за прогласување на предвремените парламентарни избори за НЕДЕМОКРАТСКИ И НЕРЕГУЛАРНИ како и деноноќните бдеења на патриотите прочитајте овде.  Подолу го привлекуваме вашето внимание кон три вакви конкретни настани и иницијативи.

Недела 04.02.2018 год. Плоштад Магнолија со почеток од 12:00 час во Битола ќе се одржи протест, јавува Медиа24.мк. Под слоганот ДОСТА Е ПАРТИЈА – СИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА граѓаните со самоорганизирање решија да го дигнат својот глас не гледајки во нивните претставници кој ги избраа на последните парламентарни избори дека ги застапуваат нивните ставови и интереси ,повеке не чекаат никој да гио поведе и да ги води бидејки досега со нивното удварање кај дипломатите од ЕУ и НАТО не покажаа основен сенс и интерес да застанат во одбрана на интересот на народот ,дали кога станува збор за договорот за Бугарија ,сега ете и за името ,останаа изиграни од сите политички играчи моментално кој се на позиции и би требало да ги штитат нивните интереси. Но за жал сите политичари останаа неми кон укажувањата и волјата на народот и сите си ја тераат нивната агенда и кариера без овде да прашат никој од оние кој ги избрале. Затоа под мотото „Доста е партија,сите ЗА МАКЕДОНИЈА!„ со замоорганизирање преку социјалните мрежи се организира протестот каде се повикуваат сите родољуби Македонци,Турци,Власи,Роми,Албанци кој си ја сакат сопствената држава да имс е приклучат и да го дигнат својот глас против политичките елити кој ги помножија со нула. Приклучете се и вие!

По социјалните мрежи народот веќе се саморганизира во отсуство на национално лидерство од двете условно наречени Македонски партии а всушност клиентелистички врхушки купени од Сорос, Дип Стејт и воено злосторничката НАТО. Еден од последните повици е организиран од група младинци кои под мотото Нашето Име е Македонија ги повикуваат врсниците од 14 до 29 години да се приклучат во Македонската револуција против промена на името (пополни пристапница тука)! 

Приклучи се, Македонија те вика! Браќа Македонци, чукна светиот час за одбрана на на татковината. Веќе е договорено да има наместен референдум за промената на нашето име. Промена на името е крај и смрт за Македонија! Промена на името е крај и смрт за нашиот македонски народ! Тоа по никоја цена не смееме да го дозволиме! Се со цел да се спречи промената на името, потребна е македонска револуција! Не револуција во шарените бои на ЛГБТ заедницата, туку револуција во националните бои на Македонија – црвено-жолта револуција.

Потребно е татковинска револуција за одбрана на нашето име! Затоа, ве повикуваме Вас, младите на возраст од 14 до 29 години, масовно да ни се придружите. Време е да се избориме за нашата иднина и нашето достоинство, време е да се избориме за нашата татковина Македонија! Пожелно е да сте судент или ученик, но секој може да учевствува без разлика на возраста. Се разбира, секој кој е под 18 години мора да има дозвола од родител. Ве повикуваме сите Вас, со единствена порака за сплотеност и заеднички отпор против систематското уништување на нашиот идентитет, култура и традиција, јазик, вера и територијален интегритет. Овие стравови не се производ на параноја или пристрасност, како што ги илустрира непријателската пропаганда, но реални закани за кои секој здраворазумен граѓанин на нашата татковина во најмала мера би требало да изрази загриженост. За жал, без да ги адресираме овие проблеми во физичката реалност, НА УЛИЦА, сите наши повици ќе останат залудни. Затоа, официјално апелираме до СЕКОЈ граѓанин кој е подготвен да стори СЕ да го зачува достоинството на својата Татковина и да работи во корист на националните интереси, да ни се придружи. Живот даваме, ИМЕ не даваме!

Со уште една интересна иницијатива излезе и Движењето за цивилизациски вредности. Под мотото Нека Македонија биде место/земја за  соработка помеѓу источната и западната цивилизација, во интерес на човештвото а не линија на огнот. Движењето за цивилизациски вредности има намера да ги предложи Претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин за ДОБИТНИЦИ НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР, особено поради тоа надежта, наместо ,,линија на огнот“ Македонија да ја направат поле за меѓусебна соработка и поведување на ренесансата на новото време, како надеж за иднината. 

Пред Собранието ќе се почнат и редици Отворени Дебати во вторник, петок и сабота во 11.55 ч каде граѓаните и експерти ќе ја третираат проблематиката на сега веќе нов концепт и приод кон гео-политичките аспекти кои се однесуваат на Македонија за да се насочи народот кон едно продлабочено гледање и самопоосвестено делување. Движењето исто така испрати отворена покана до Претседателот на РМ, г-дин Ѓорге Иванов и до амбасадорот на САД во РМ, г-дин Џес Бејли, да присуствуваат и учествуваат на Отворена национална дебата ,,НЕПРИНЦИПИЕЛНИТЕ, АНТИДЕМОКРАТСКИ, АНТИЦИВИЛИЗАЦИСКИ, АНТИМАКЕДОНСКИ ПОЛИТИКИ СПРЕМА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНИЈА. Од  Дебатата ке биде испратено писмо до Претседателот на САД,  г-дин Доналд Трамп. Целта/заложбата на Дебатата е да се променат досегашните непринципиелни деструктивни политики спрема Македонскиот народ и држава, со кои, со предизборниот, изборниот и постизборниот инженеринг, преку албанската платформа и Планот 3-6-9, на геноциден начин, се уништува еден цел древен мирољубив народ,  кој низ историјата, на човечката Цивилизација  и подарил мноштво преродби, Ренесанса, писменост, духовност и други придобивки.

Од неодамна, кога во светот настапуваат неминовни, сосем природни епохално-космо-универзални позитивни подвижувања, за похумана, поделотворна, покреативна и поправедна иднина и поквалитетно живеење и создавање на Човештвото, воопшто, особено со најавените позитивно – визионерски најави, на Претседателот на САД, за промена на стариот приод со нов приод за соработка и нерушење на влади и држави низ светот, притоа најавувајќи спремност за соработка со претседателите на големите земји, особено со Претседателот на Русија, г-дин Путин,  во тој контекст, чувствуваме потреба од преиспитување на досегашните деструктивни, уништувачки политики во однос на потпишаната Декларација за стратешка соработка, помеѓу САД и Р. Македонија, за разлика од милитантните политики на предходната администрација на САД, преку изјавата на секретарот г-дин Џон Кери, дека Македонија е на ,,линијата на огнот!?“

 

 

 

1 thought on “Се Интензивира Отпорот Против Нелегитимната Власт со Протести, Петиции, Иницијативи. Приклучи се!

Остави коментар