По социјалните мрежи народот веќе се саморганизира во отсуство на национално лидерство од двете условно наречени Македонски партии а всушност клиентелистички врхушки купени од Сорос, Дип Стејт и воено злосторничката НАТО. Еден од последните повици е организиран од група младинци кои под мотото Нашето Име е Македонија ги повикуваат врсниците од 14 до 29 години да се приклучат во Македонската револуција против промена на името (пополни пристапница тука)!
Приклучи се, Македонија те вика! Браќа Македонци, чукна светиот час за одбрана на на татковината. Веќе е договорено да има наместен референдум за промената на нашето име. Промена на името е крај и смрт за Македонија! Промена на името е крај и смрт за нашиот македонски народ! Тоа по никоја цена не смееме да го дозволиме! Се со цел да се спречи промената на името, потребна е македонска револуција! Не револуција во шарените бои на ЛГБТ заедницата, туку револуција во националните бои на Македонија – црвено-жолта револуција.
Потребно е татковинска револуција за одбрана на нашето име! Затоа, ве повикуваме Вас, младите на возраст од 14 до 29 години, масовно да ни се придружите. Време е да се избориме за нашата иднина и нашето достоинство, време е да се избориме за нашата татковина Македонија! Пожелно е да сте судент или ученик, но секој може да учевствува без разлика на возраста. Се разбира, секој кој е под 18 години мора да има дозвола од родител. Ве повикуваме сите Вас, со единствена порака за сплотеност и заеднички отпор против систематското уништување на нашиот идентитет, култура и традиција, јазик, вера и територијален интегритет. Овие стравови не се производ на параноја или пристрасност, како што ги илустрира непријателската пропаганда, но реални закани за кои секој здраворазумен граѓанин на нашата татковина во најмала мера би требало да изрази загриженост. За жал, без да ги адресираме овие проблеми во физичката реалност, НА УЛИЦА, сите наши повици ќе останат залудни. Затоа, официјално апелираме до СЕКОЈ граѓанин кој е подготвен да стори СЕ да го зачува достоинството на својата Татковина и да работи во корист на националните интереси, да ни се придружи.
Живот даваме, ИМЕ не даваме!
Ненавремено, а по повод “Неподносливата Леснотија на Релативизирањето на Тероризмот од страна на ЦИА, пардон, Дојче Веле”
Драго ми е што нашиот “домаќински-срдечен” менталитет кон гостите еволуира. Времето е дојдено за работите да се нарекуваат со правите имиња. Впрочем Македонскиот народ уште одамна ја елаборилал оваа библиска придобивка, која дошлаците самобендисано ја претворија во патоген … “понизен”.
https://youtu.be/uiilwpS_p5c