Според информации од сигурни внатрешни извори блиски до квислиншките марионетски структури, досегашниот страв кај нелегитимната влада и парламент од една рака патриоти кои веќе десетина месеци секојдневно самоорганизирано протестира, без партија, без логистика, и без скршен динар в џеб, овие недели прераснал во вистинска паника. Причина за ова е интензивирањето на протестите последниве недели и во услови на студ и зима и во успешното самоорганизирање на народот во Македонија и во дијаспората за одбрана на својата татковина.
Квислинзите и нивните наредбодавачи сметале дека со обезглавувањето на ВМРО ДПМНЕ ќе го задушат и народот. Мислеле дека ќе го урнат ДПМНЕ и се ќе биде средено а заборавиле дека народот не е ДПМНЕ и дека НАРОДОТ НЕ МОЖАТ ДА ГО УРНАТ! Но напротив нивните пресметки се створил контра ефект што ги доведе квислинзите до паника и почнаа да попуштаат за да замачкаат очи. Ама мачкањето очи нема да им успее, затоа што Македонскиот Народ сега бара ништо помалце од целосно обновување на државата со чистење на институциите од квислинзите и предавниците.
Не им успеа обидот да замачкаат очи со пуштањето на Македонскиот Херој Игор Дурловски да се брани од слобода! Бараме Слобода за СИТЕ Уставобранители!
Не им успеа Соросоидите да ги представта како “опозиција” на квислиншката нелегитимна власт. НИЕ сме единствената Позиција и Опозиција за Името, Идентитетот и Суштината на Македонската Држава!
Или какo што граѓаните пишуваат на фејсбук:
“НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ, СЕГА МУ МАЈКАТА ДА УДРЕМЕ УШТЕ ПО СИЛНО, ДА СТАВИМЕ ВО 5 ТА БРЗИНА, ЗГОЛЕМЕТЕ ГИ АКТИВНОСТИТЕ, СЕКОЈ ДЕН ПИШУВАЈТЕ, СПОДЕЛУВАЈТЕ, ПИШУВАЈТЕ ВО ИНБОКС НА СЕКОЈ КОЈ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ, ГОТОВИ СЕ, ДА ИМ ЗАДАДЕМЕ АПЕРКАТ НА КРАЈОТ!!! СПОДЕЛУВАЈТЕ ГО НЕКА СЕ ЗНАЕ!!!”
Спречуваме и Неуставен Закон за Јазици, Го Одбрануваме ВЕЧНОТО ИМЕ! ГО ПРОДОЛЖУВАМЕ ПРОТЕСТОТ И ПРИТИСОКОТ!!!