И додека разгневените анти-глобалисти дојдоа во Давос, Швајцарија, да им плукнат в лице на продадените глобални елити собрани на Гангстерската Забава светските лидери присутни насветскиот економски форум покажаа “голема навреденост и повреденост” од ваквиот растечки патриотизам кој им го сруши нивниот сон за нов глобален светски поредок по теркот на елитите а не по теркот на народите. Бившите перјаници а и сегашните “фабрикувани звезди” на глобалистите, вклучувајќи ја германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудo, за време на самитот ги искараа патриотизмот, национализмот и популизмот како главни виновници за пропаста на “прекрасниот проект” на нивниот лидер Сорос за свет без нации и граници каде 0.00001% од елитата преку мултинационалните корпорации ќе го експлоатира цел свет.
Глобалистите не сакаат “протекционизам” бидејќи тоа е начин каде нациите ќе го билдаат нивниот национален суверенитет против глобалистите. Оваа реторика не е ништо помалку од невешто прикриен гнев и фашизоидна омраза на Меркел и Макрон кон патриотизмот, нациите, правото на самоопределување и националниот суверенитет, и на своите “некапани” прости народи кои едноставно не можат да ги доловaт суптилноста и префинетоста и ѕвездените висини на нивниот интелект.
Во одговор на прашањето за порастот на патриотизмот во Европа, Меркел го нарече тоа “отров”. “Се надевам тоа нема да расте, но тоа е отров”.
Angela Merkel: Protectionism and isolation won't fix the world's problems https://t.co/X7vq0GqDKg #WEF18 pic.twitter.com/68vKblnmOx
— CNN Business (@CNNBusiness) January 24, 2018
“Германија посакува да биде држава која ќе го дава својот придонес за решавање на проблемите во светот, ние мислиме дека исклучување и изолација на
на нас самите, нема да не доведе во добра иднина.” рече Меркел, целејќи на “изолационистот” Трамп. Тука вреди да се напомене дека според анализите на анкетите Макрон, Меркел и Британската премиерка Тереза Меј, сите имаат полош рејтинг од Трамп кај сопствените народи.
“Да не бидеме наивни… глобализацијата се соочува со голема криза”, исто така кажа Макрон пред аудиториумот на светскиот економски форум.
""Let us not be naive, globalization is going through a major crisis." – Emmanuel Macron, President of France #wef18 https://t.co/5Ci7w1y2Jn pic.twitter.com/4T6qzLu4IZ
— CNBC International (@CNBCi) January 24, 2018
“Се е фрагментирано. Ние имаме општества изградени од социјални гет и социјални номади. Има се повеќе народ кои размислуваат дека излез од глобализацијата е вистинското решение,” додаде Макрон.
Секако дека тој, Меркел и другите нема вината во тоа да ја најдат во нивните антинационални политики туку во некој надворешен злобен фактор. Уште погенијално пак, некои од нив вината ја наоѓаат во своите глупи народи кои не ја разбираат генијалноста на овие од бога им дадени лидери кои не спијат ден и ноќ мислејќи само на доброто на своите народи и како да уште повеќе им го облагородат со мигранти, војни, долгови и подршка на терористи дома и во странство.