Извршителот на гнасните работи на Клинтоновото галениче Викторија Нуланд во американскиот Стејт департмент, Брајан Хојт Ји, е моментално и заслужено невработен според minareport.com. Заменик-помошник на американските работи за Евроазија, Брајан Хојт Ји, според претседателот на Република Српска, Милорад Додик, бил отпуштен од Стејт департментот и дека “од срам лажел на балканските медиуми дека сам поднел оставка” извести Информер.мк. Последен пат е виден како пополнува апликација за работа во МекДонладс во Вашингтон.
Сите ултиматуми и закани што представникот на нелегитимниот Дип Стејт, Хојт Ји ги издадаваше на балканските влади во текот на изминатата година, не беа официјален став на американската администрација, туку дел он нечија приватна агенда (Нуланд, Бренан & Компанија, за кои сега некои ќе одговараат кривично). Џабе нашите “грамадни патриотишча” од ДПМНЕ се испотресоа од страв од тигарот од хартија и им ја дадоа нашата прекрасна татковина на тацна на безумните една рака квислинзи. Ама за тоа другпат и историјата и народот ќе го каже својот суд за оваа кукавичка гaрнитура на ДПМНЕ која срамно го носи името ВРМО, бидејќи сега сета концентрација на народот е кон излегувањето и спасувањето на Македонија од оваа тешка криза.
Покрај тоа, и покрај претходните соопштенија, Хојт Ји нема да биде амбасадор во Босна и Херцеговина или Македонија, вели Александар Раковиќ во интервју со Спутник, истакнувајќи дека името на Хојт Ји повеќе не постои на листата на вработени во Стејт департментот. Покрај тоа, Раковиќ истакна дека е јасно утврдено дека неговата политика кон балканските земји е штетна и дека направил неколку непријатели од земјите за кои Америка смета дека се нејзини сојузници и само предизвика конфликти на Балканот, нагласува Раковиќ.