Сподели на социјалните платформи:

Европската Унија сеуште не може да се опорави од внатрешната егзистенцијална криза, поврзана со мигрантското влијание од 2015-та година наваму и гласот на Британците за излез од унијата, како и каскадниот бран од останати кризи поврзани со Каталонското сепаратистичко движење, бесконечните германски коалициски разговори и санкциите и блокадите кон Полска.

Поминато е времето кога сите говореа за “заеднички Европски дом”, и тие денови сега изгледаат како да биле многу одамна, бидејќи центрифугалните процеси на блокади и неединство го доведуваат во прашање опстанокот на ЕУ. Дури и најголемата надеж на глобалистите, инсталираниот од Дип Стејт Претседател на Франција Емануел Макрон, признава дека ЕУ се распаѓа. И за тие најнаивните кои веруваат во ЕУ демократијата, еве изјава на Претседателот на Франција дека таму ќе нема референдум за останување/излез од ЕУ, затоа што и самиот Макрон знае дека Французите ќе гласаат за излез од ЕУ!

https://www.youtube.com/watch?v=j67XvsSsA6o

Германските политики на Евро-Либералите кои дозволуваат неограничено прифаќање на сите неслични цивилизациски мигранти, без оглед на нивните асимилациски и интеграциски намери, беа главната причина поради која се случи Брегзит, па така, сега и Централно и
Источно Европските држави се тие кои отворено се спротивставуваат на барањата на Брисел за присилно распоредување на мигрантите. Полска и Унгарија ја водеа оваа “борба”, но двете Евро-реалистички држави исто така се здружени наспроти останатите ЕУ членки, со цел да креираат реформско движење за поголема сувереност во организацијата. Во контекст на ова движење, некои се сомневаат дека причините за блокади и санкции кон Варшава се токму овие.

Движењето на Каталонските сепаратисти во северно-источна Шпанија беаше прогласено за неуспешен обид за отцепување, кое што ја прошири кризата на полуостровот и ги постави прашањата за “слобода” и “демократија” во унијата.

Надвор од ЕУ, во заборавениот агол на континентот, во Балканот продолжува да врие. Босна виси во рамнотежа, бидејќи Сараево сака да се проближи  до НАТО, на зачуденост на Српскиот дел од државата. Додека за Република Македонија важи истото, дури и пострашно бидејќи од Република Македонија се бара да го промени своето уставно име во договор со Грција.

Србија, како што најави, ќе ја повика Русија како медијатор во врска со прашањето за Косово, доколку сепаратистичките противници се одлучат да ги повикаат САД во разговорите. Далеку од тоа дека е се завршено. По се изгледа дека кризата во Европската Унија допрва започнува.

Остави коментар