Претседателот Трамп Здрав Како Дрен, На Жалост на Американските Фејк Медиуми
Сподели на социјалните платформи:

Докторот на претседателот Доналд Трамп, адмирал Рони Џексон, за време на неодамнешната прес конференцијата во Белата Куќа ги увери новинарите дека Американскиот Претседател Трамп е во одлична физичка и ментална кондиција и дека освоил максимум 30 од вкупно можните 30 бода на долготрајното ментално тестирање за време на минатонеделниот медицински преглед (прочитај повеќе овде на Breitbart).

Тој додал дека ја користеле Монтреаловата Ментална Евалуација за време на психо-физичкото тестирање на претседателот кое што се одржа минатата недела во клиничкиот центар „Валтер Рид“. Докторот рекол дека првично не планирал да направи ментална евалуација бидејќи целиот ден постојано бил во контакт со претседателот и не гледал никаква потреба да ја спроведе евалуацијата, но претседателот настојувал менталната евалуација да биде вклучена во неговото здравствено тестирање.

На прашањето за навиките во спиењето на претседателот, Џексон рекол дека тој смета дека претседалот е таква личност на која не ѝ е потребна многу сон. Тој спие околу 4 до 5 часа во текот на ноќта коешто е и причината за тоа зошто Трамп бил толку успешен во неговиот живот. И, дали претседателот би требал повеќе да спие, докторот рекол „секако“, но изгледа дека дека претседателот го смета за човек на којшто му е потребно само малку сон и дека не е загрижен за тоа. Потоа додал дека степенот на стрес на претседателот не е проблем и дека Трамп ја има способноста да се разбуди секој ден свеж и така да го започне денот.

Џексон потенцирал дека тој верува дека доживотната апстиненција од тутун и алкохол значително придонесе за неговата извонредна здравствена состојба.

Сето ова доаѓа во еден момент кога анти-Трамп медиумите во очај од неуспехот досега да го урнат Претседалот Трамп билдаа лажна наратива дека тој е физички и ментално неподготвен за својата должност!. Дури и овај супер тест кој Трамп го помина ФејкВестите СиЕнЕН и останатите побрзаа да го извртат. Експертот за медицна на СиЕнЕн Санџеј Гупта побрза да заклучи (оддалеку и одоко) дека претседателот има вишок килограми и зато сигурно страда од срцеви проблеми (прочитај го тука смешниот напис на СиЕнЕн) (Гугл Преведувач на Македонски)..

Ваквата во најмала рака несериозност на СиЕнЕн, а во посериозна форма, обид за измама со цле да се сруши легитимно избраниот Претседател на САД, добија заслужен и жесток мајтап на социјалните мрежи.

Докторот Џексон кој го вршеше медицинскиот преглед одговорајќи на прашање за што мисли за лекарите коишто јавно изнесувале ставови за здравствената состојба на претседателот без тие да го имаат воопшто прегледано, тој таквите коментари ги нарече „таблоид психијатрија“ и препорача да не се создаваат ставови за менталната кондиција на една личност без неговото тестирање.

Тој додал дека, рака на срце, претседателот е во одлична состојба за еден маж на негова возраст, во значителна степен токму поради одличната кондиција на неговото срце. Кога бил прашан од претставници на медиумите за претседателската кондицијата во канцеларијата, Џексон додал дека, според тестирањето и секојдневните контакти, претседателот е „апсолутно спремен за обврските“. Доколку претседателот имал некакви нарушувања, тие би се покажале на тестирањето, рекол Џексон и според него, претседателот нема никакви ментални или физички проблеми.

Дејли Калер пишува дека во својата сулуда желба да го прогласи Претседателот неспособен за својата должност, СиЕнЕн во својата емисија скриле или премолчале важни наоди од анализата. (прочитај го написот од Дејли Колер тука(Гугл Преведувач на Македонски).

И така, ден за ден наративата на медиумите управувани од ЦИА и Дип Стејт се распаѓа по сите шавови и преминува во една тотална фарса на очајник кој и веќе не рзбира колку е прозрен, провиден и презрен токму од оние кои се најважни за неговото постоење, гледачите и граѓаните.

 

Остави коментар