Воени Барабани во Регионот: Турција им Порача на САД дека Влегува во Северна Сирија да им ги Уништи Курдските Сојузници
Сподели на социјалните платформи:

И додека бедните Балкански вазали се тркаат кој подлабоко ќе се поклони пред представникот на глобалните воени злосторници од НАТО, Столтенберг, Турција им порача на САД дека влегува во Северна Сирија за да им ги здроби Курдските сојузници.

Ердоган го знае она што и ВМРО-ДПМНЕ требаше да го знае, дека НАТО и САД се Тигар од Хартија кои се борат само преку подржување локални терористи како УЧК, и им порача дека ќе ги задави терористичките групи кои ЦИА ги создава во Северна Сирија (прочитај повеќе тука).  Во силна ескалација на регионалната безбедносна и воена криза, Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше неодамнешните напори на САД за зголемување на поддршката за курдските Сириски демократски сили (СДФ) и за време на говорот во Анкара рече “Земјата што ја нарекуваме сојузник инсистира на  формирање терористичка армија на нашите граници. Што може да има за цел таа терористичка армија? Ништо друго освен Турција. Нашата мисија е да ја задушиме пред дури и да биде родена”.

Регионалните медиуми “Ал Џезира” и “Ал Масдар вести” потврдија дека голем турски конвој влезе во северозападна Сирија и дека спорадични борби против курдските сили веќе се во тек. 

https://twitter.com/AlSuraEnglish/status/953291069554245633?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.zerohedge.com%2Fnews%2F2018-01-16%2Fturkey-notifies-nato-imminent-massive-invasion-syria-fight-kurds

Имено, овој пат се вели дека се мобилизирани и воздухопловните сили, што представува значителна ескалација во однос на само турските копнени сили кои за време на ланската “Еуфратска штитска операција” имаа мал успех против курдските борци без воздушна поддршка.

А дали ова ќе се случи и дали на Турција ќе и биде дозволено целосно да ги збрише Курдите зависи само и само од Русија коа со своите С-400 владее со Сириското небо.

 

Остави коментар