Еве уште еден од милионите примери као сами се разобличуваат Гебелсовите медиуми на Дип Стејт и нивните домашни платенички кучиња кои за корка проклет леб си ја продаваат својата татковина и иднината на своите деца. Прво прочитајте ја подолу изјавата на Рускиот Министер за Надворешни Работи Сергеј Лавров и на Руски и во Македонски превод.
С.В.Лавров: Российские представители говорили? Мы признали Македонию как Республику Македония. Мы её признаём в таком качестве. (НА РУСКИ)
Сергеј Лавров: Руски претставници кажуваа? Jа признавме Македонија како Република Македонија. И ја признаваме во тоа својство. (ПРЕВОД НА МАКЕДОНСКИ)
Имено од оваа изјава, домашните предавнички медиуми кои за ситни колнати пари одработуваат продажба на нашето вековно и единствено име, извлекоа заклучок дека Русија е на страната на Грција!
И точно поради ова никој повеќе во светот, ниту пак во Македонија, им верува на домашните и странските медиуми контролирани од ЦИА (прочитај овде во детали како сите новинари и уредници во Европските медиуми се КУПЕНИ И КОНТРОЛИРАНИ ОД ЦИА).
И за биде иронијата уштe поголема, токму гнасните промотори на геноцид од Дип Стејт и нивните домашни платенички глутници кои секојдневно работат за да го сменат името Македонија за шака бедни долари, уште го обвинуваат Лавров за “недостаток на Македонски патриотизам” и дека “недоволно го бранел името на Македонија” затоа што рекол дека Русија ќе признае идно решение кое Македонија и Грција ќе го договорат и кое ќе биде во согласност со уставот на Македонија.
Тоа и може да се очекува од веќе прочитаните и разобличени платеници на најгрозниот военохушкачки фашизам во историјата на човештвото и нивната веќе исмејувана и провидна практика на замена на тези која не минува ниту кај луѓе со помал коефициент на интелегенција од бројот на годините што ги имаат. Ова сите веќе сме го почуствувале кога читаме како на пример секуларниот претседател на Сирија Асад бил многу лош, додека платениците на ЦИА, главосечачите на ИСИЛ биле вистинската замена за “диктаторот Асад”. Или како Садам Хусеин бил ужасен човек, додека Средновековните вахабисти од Саудиска Арабија кои сечат глави и раце и каде жените имаат нула права се многу добри луѓе. Или кога гнасните УЧК терористи кои ги режеа грбовите на Македонските цивили се прдставени како борци за човекови права (прочитај овде повеќе за тоа како се оцрнуваше и изветвуваше поимот човекови права од страна на ЦИА и Дип Стејт).
Така што, како што одминува времето и ние во Македонија а и целото човештво веќе ги прозре и исмејува ваквите веќе несмасни обиди на Дип Стејт да влијае на нечие јавно мнение. Сведоци сме на еден спектакуларен распад на еден фашистики пропагандистички систем кој мислеше дека успеал да го излаже светот дека црното е бело, и кој после поразот на нивниот пулен Клинтон на изборите, не може да си дојде на себе и само хипнотизирано оди по инерција и автоматизам до својот последен чекор преку карпата и во бездна.
Или пак прочитајте го транскриптот на Руската Амбасада кој се однесува на делот на говорот на Лавров за Македонија:
Одговор на Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, г-дин Сергеј Лавров, на прашањето на грчкиот новинар за проблемот со името.
Прашање: Деновиве се обновуваат преговорите за името на соседната земја на Грција, Поранешната Југословенска Република Македонија. Грците се навредуваат поради тоа што името «Македонија» е неправедно бидејќи поголемиот дел од територијата на старата македонска држава денес и припаѓа на Грција. Соседната земја со таквото име може да има територијални претензии. Пред извесно време руски претставници кажуваа дека можат да го ревидираат ставот за името на таа држава доколку се променат условите. Како го коментирате тоа?
Сергеј Лавров: Руски претставници кажуваа? Jа признавме Македонија како Република Македонија. И ја признаваме во тоа својство.
Прашање: А доколку се сменат условите? Дали ќе биде пронајден некој нов компромис?
Сергеј Лавров: Што се однесува до активизираните преговори и напори за решавање на проблемот со името «Македонија». Тие преговори мошне долго време беа во полузаспана состојба и се интензивираа дури тогаш кога САД решија дека Македонија мора да биде дел од НАТО. И, бидејќи Грција веќе е во НАТО вие како да немате потреба да правите отстапки, додека Македонија, пак, која сакаат да ја вовлечат во НАТО, како да има потреба од таквите отстапки. Тоа во суштина е тоа.
Какво име Грција и Македонија и да усогласат за Поранешната Југословенска Република Македонија, доколку за него има официјално решение пропишано во Уставот на Република Македонија, најверојатно сите ќе го признаат. Но суштината на тоа што се случува се надевам дека сите ја разбираат. Сега воопшто не станува збор за водење сметка за некои заеднички и специфични особини на два блиски народа, туку за тоа дека една од тие земји мора да ја направат членка на НАТО.
Прочитајте го целиот транскрипт на официјалниот Сајт на Руското МНР каде што има и многу други интересни коментари на Сергеј Лавров за други глобални геостратешки прашања.
http://www.mid.ru/ru/foreign_policy/news/-/asset_publisher/cKNonkJE02Bw/content/id/3018203 (Гугл Преведувач на Македонски)
Godpodinot Lavrov ne dava znacenje dali imeto ke se smene I dali ke go priznaat.
Tuka poentata e NACINOT na koj Makedonija ke bide prekrstena, a toa e vrvot na zapadniot idiotizam so prisilno grabenje na drzavata vo nato, a pritoa koristenje na Grcija da Makedonija ne vleze kako takva nego obezlicena kako lesen plen za idni neredi na balkanot.
Toa ne bese slucaj so Crna Gora, tie ne moraa da si go smenat imeto !!!
А нашиве новинари сосема спротивно пренесуваат. Таканаречените мејнстрим медиуми се под удар во цел свет, не им верувајте, ги фабрикуваат вестите.