Глобализацијата ќе се случи. Не поради тоа што некој од нас тоа го сака или не, туку поради технолошката, информативната и транспортната револуција која го направи светов вистинско глобално село. Но, и тука е клучната разлика меѓу патриотите и анти-националнитe глобализатори на Сорос. Тоа е фактот дека оваа глобализација ќе се случи на начин како што ќе се договорат суверените народи и нации а не како што им одговара на мултинационалните корпорации чии интереси ги представуваат елитистите на Сорос. И ние Македонцитe нема што да плашиме од глобализација кога сме потомци токму на еден од првите светски глобализатори, Александар Македонски. И уште повеќе затоа што и таа глобализација на Александар како и онаа која победува сега, се глобализации кои ги почитуваат различноста на индивидуата, нациите и културите за разлика од Соросовата анационална, арелигиозна и најважно, аморална глобализација за свет без нации и граници во корист на 0,00001% од светската корпоративна елита. И точно овој клучен момент до крај го подрива и онака разнишаниот политички темел на глобалистите, а тоа е почитивањето на различноста, термин кои тие прво го измислија а после го оцрнија и деградираа до непрепознатливост. Имено, за неупатените дури и парадоксално, патриотите се тие кои сега стануваат носители и бранители на поимот различност, кој глобалистите го сметаа за свој монопол, не забележувајќи дека под нивната различност (diversity) народите веќе прочитаа дека се крие еден стравичен униформизам, едноумие и нетолеранција на различноста.
И во оваа борба која ќе ја обележи 2018 ќе гледаме во директен пренос од пропаста и падот на проектот за глобализација по терк на елитите на Дип Стејт а на штета на сите нас останати народи и граѓани на светот. Пишувајќи во “Фајненшел тајмс” аналитичарот Мартин Сандбу (и секако подржувач на Соросовата глобализација) го користи речникот на глобалистите кога сите противници ги нарекува националисти, популисти и “изолационисти”, во слабо прикриен обид за пежоративно гледање од високо врз патриотите, слично како што нашите продадени Соросоиди гледат на своите “собраќа” патриоти овде во Македонија. Сандбу ги повикува своите глобалистички либерали во 2018 да влезат во битките на политичките идеологии на глобализмот наспроти патриотизмот со баналниот повик позајмен од излитениот речник на поранешните идоли на глобализацијта а сега целосно искомпромитираните Тони Блер и Бил Клинтон: “Време е повторно за таков храбар, центристички радикализам”.
Ова всушност, ја дефинира целата безидејност и очај на поразениот глобализам на Сорос. Имено противењето на еден ваков корпоративен глобализам на Сорос е попрво се друго но не е изолационизам или екстремизам. И точно Сандбу и Соросоидите се разобличени како нови екстремисти и глобалистички радикали кои самите станаа маргинални и ирелевантни додека они кои ги нарекуваат изолационисти се патриотите кои се претежно умерени центристи. Противниците на масовната миграција не можат да се стават во еден кош на националисти и популисти туку тие се точно оној нов радикален центар кој елитите на Дип Стејт со децении го култивизираа и го сметаа за “свој и купен” и кој на крајот спектакуларно го загубија со Брексит, победата на Трамп и со растот на патриотските партии во сите ЕУ земји.
Со други зборови, неолибералите се запенети од бес затоа што не можат да најдат начин да ги поврзат својата глобалистичка експлоатирачка филозофија со популарноста меѓу граѓаните, која се чини е секогаш на страна на патриотите. Патриотите во Македонија, Унгарија, Британија, Русија а сега веќе и САД се оние нови сили кои ќе го редефинираат новиот свет како братство на народи каде се ценат различностите и каде народите слободно економски соработуваат во корист на своите граѓани а не во корист на 0,00001% од Соросовата корпоративна елита.
И затоа Соросоидните глобалисти и од нив контролираните корпорации прибегнуваат кон фашистички методи на контрола врз политичката содржина која граѓаните можат и смеат да ја изразат во медиумите и на интернет. Корумпираните елити ги гледаат граѓаните како непријатели кои треба да бидат замолчени и задушени и користат идентични стратегии и пораки во обид да го задушат јавното несогласување и понатаму да ја консолидираат украдената власт како што на пример прави и сегашната нелегитимна власт во Македонија.
Мајкл Кригер во ЛибертиБлицкгриг пишува дека одметнатите елити се против сите нас, против 99,9999% од човештвото и време е да ја препознаеме вистината и да се здружиме во заеднички отпор. Ако го сториме тоа, ништо не може да нѐ спречи да го оствариме нашиот вистински потенцијал како човештво, вели Мајл Кригер, нешто што сега е систематски репресирано во корист на еден многу незначителен процент од светското население кој нелигитимно ги има узурупирано глобалните и националните лостови на власта преку купување на шака одродени предавнички и квислиншки елити.