Крајот на ерата на петро-долари е на дофат на раката е сигурно најважната геостратeшка вест на почетокот од 2018. Шок бомбата кон Западот лансирањето на платформата во Кина за тргување со нафата во домашни валути. Ова е дел од една поширока агенда на Кинеската влада, координирана со Русија, Иран, БРИКС, која има за цел забрзување на процесот на де-доларизацијата, рушење на империјалистичката хегемонија на Петро-Доларот и растот на новото тројство, Злато-Нафта-Домашни Валути.
Финансискиот коментатор Џим Роџерс зборуваше за RT за тоа колку ова е од клучна важност за индустријата во која сега доминира доларот. “Ова е само уште еден чекор во таа зацртана насока. Многумина веќе не сакаат да користат американски долари, бидејќи ако САД се налутат на вас, тие можат да ви направат огромен притисок со органичување на достапот до долари. Кина, Русија и други земји го разбираат ова, и се обидуваат да ја придвижат светската трговија и светските финансии вон досегот на Петро-Доларот”, рече Џим Роџерс.
Кина го гледа новиот светски поредок базиран на валути подржани со нафта или злато. Сега договорите деноминирани во Јуани ќе им овозможат на извозниците да го заобиколат американскиот долар. Воопшто нема проблем ако снабдувачите на енергија претпочитаат да бидат платени во физичко злато наместо на јуани. Фјучерс договорите ќе им овозможат на учесниците во зделките да платат со злато или да го претворат јуанот во злато без потреба да држат Кинески пари или без потреба да го претворат во Американски долари.
И сето ова треба да се случи во текот на овој месец! Според порталот за вести Jiemian базиран во Шангај, тргувањето се очекува да започне 18ти Јануари откако повеќе рунди на тестирање се извршени и сите точки од листата барања се исполнети. Кинескиот државен совет исто така го даде своето одобрување во Декември 2017, што беше една од последните регулаторни пречки.
А за тоа колку ова е моќно оружје во рацете на Кина и БРИКС покажува и фактот дека во 2017 година Кина ги надмина САД како најголем светски увозник на сурова нафта а Русија е со најголемите светски резерви на нафта и други енергенси. И затоа и трговијата на нафта во Јуани поткрепени со злато ќе оди само нагоре правејќи го Доларот ирелевантен.
Со оглед на тоа што Кина е најголемиот купувач на нафта во светот, новите договори им дозволуваат на извозниците да ги избегнат санкциите од САД, тргувајќи со нафта во јуани. Како што велат експертите, земји како Русија, Иран, Пакистан, Виетнам, Кина и многу други азиски земји се заинтересирани за тоа. На пример Пакистан веднаш го отфрли од употреба доларот во својата трговија со Кина – во рок од 24 часа откако Трамп го осуди Пакистан и ја ускрати помошта на нејзината армија. “Иран веќе го прифати Кинескиот ренминби (јуани) а Кина и Русија во моментов разменуваат во рубли и ренминби”, рече Роџерс.
Поранешниот главен економист на Светската банка, Џастин Јифу Лин, потврдува дека американскиот долар ќе биде заменет со единствена глобална валута или кошница од валути, трвдејќи дека тоа ќе создаде постабилен глобален финансиски систем. “Доминацијата на зелените банкноти е главната причина за глобалната финансиска и економска криза”, рече Џастин Јифу Лин за Брегел, експертска група за истражување во Брисел.
Ова значи смртен удар на Доларската хегемонија. Како што рече рускиот претседател Владимир Путин пред речиси два месеци за време на самитот на БРИК во Ксиамен “Русија ја споделува загриженоста на земјите од БРИКС за неправедноста на глобалната финансиска и економска архитектура, која не води сметка за растечката тежина на новите економии. Подготвени сме да соработуваме со нашите партнери за да ги промовираме реформите во финансиската регулатива и да ја надминеме прекумерната доминација на ограничениот број на резервни валути “.
Аналитичарот Пепе Ескобар вели дека изразот на Путин “за надминување на прекумерната доминација на ограничениот број резервни валути” е многу фин и мангупски начин да се искаже суштината на она што БРИКС веќе со години го заговара: Како да се заобиколи американскиот долар и петродоларот како средство на глобалната хемегонија на САД. Преку овој механизам Вашингтон има акумулирано неверојатен долг од $20 трилиони и преку него го рекетира и оданочува цел свет!
Досегашната доминација на Петро-Доларот беше базирана врз “тајниот” неформален договор меѓу САД и Саудиска Арабија од 1970-те смислен од Хенри Кисинџер. Но сега, Кина со овој потег, како и со тоа што е единствениот потенцијален купувач на круната на Саудиската нафтена индустрија, компанијата Арамко, му стави крај на овој неформален договор и ја повлече Саудиска Арабија во својата економска орбита.
Светот веќе разбра колку ова прашање е животно важно за хегемонијата и финансирањето на воените планови на САД, како што почуствуваа на свој грб и Садам Хусеин во Ирак кога одлучи да продава нафта во евра, или Моамер Гадафи кога најави издавање на Пан-Африкански динар поткрепен со злато.
Но, сега во прашање е Кина, а не некои пустински племенски лидери и САД – освен да се обидат со 3та Светска Војна – немаат шанси да го сменат текот на историјата во кој победничка излегува новата тријада на домашни валути поткрепени со нафта и злато. Клучната порака е дека американскиот долар е заобиколен и испратен во историјата а со него и Империјата која го исцицуваше и бомбардираше целиот свет преку хегемонијата на доларот.