Светскиот Македонски Конгрес го повика целиот Македонски народ да се организира во заеднички отпор и граѓанска непослушност против обидите за промената на името на државата и на Македонскиот идентитет.
Повикуваме на соработка, координација и размена на информации и идеји со сите заинтересирани организации и поединци. За реализација на овој проглас се формира Координативно тело во рамките на Македонската глобална координативна мрежа – Македонија.
Кон овој проглас може да се приклучат сите заинтересирани. Овој Проглас ќе се достави до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, – се вели на крајот од Прогласот на Светскиот Македонски Конгрес.
Прогласот на Свeтскиот Макeдoнсkи Конрес во целост:
ПРОГЛАС ЗА ОТПОР И НЕПОСЛУШНОСТ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!
Светскиот Македонски Конгрес го повикаа целиот Макеоднски народ на во Одбрана на Државата и Идентитетот
10 јануари 2018 година, Скопје, Македонија – Со цел одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, Светскиот Македонски Конгрес го утврди следниот Проглас:
(1) Се повикуваат сите Македонци, по потекло и државјанство, и нивните здруженија, на отпор и непослушност против промена на името на државата и идентитетот на нацијата, секој според можностите, насекаде, во секое време и пред секого, на начинот и со дејствија што самите ќе ги определат.
(2) Се повикуваат сите Македонци, по потекло и државјанство, да ги бојкотираат производите и услугите на компаниите чии соопственици или сосопственици се претседателот, пратениците и премиерот и министрите (како и членови на нивните семејства) што ќе го извршат велепредавството на името на државата и идентитетот на нацијата. Списокот на овие компании ќе биде дополнително објавуван.
(3) Апелираме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не ја легитимираат работата на Владата при одлучувањето во Собранието со присуство во собраниската сала.
(4) Имајќи предвид дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не е демократија, слобода на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, ниту слобода на говорот, туку флагрантно кршење на меѓународното право и на Уставот на државата Македонија, најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува, јавно прокламираме дека секоја одлука за промена на името на државата и идентитетот на нацијата е ништавна, а учесниците во ова велепредавство, претседателот, пратениците и премиерот и министрите кога и да е ќе бидат изведени пред судот на народот и правдата и ќе бидат казнети со доживотен затвор и конфискација на целиот имот на семејството, дома и во светот!
(5) Се’ додека за Софија, Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, Договорот меѓу Република Македонија и Република Бугарија склучен на 1 август 2017 година претставува велепредавство на државата и нацијата.
(6) Го отфрламе донесувањето на Законот за употреба на јазиците со којшто се редефинира државноста и унитарноста, се воведува двојазичност на целата територија и во меѓунардоните односи и се дискриминираат малцинските етнички заедници во еднаквоста пред Уставот и законите.
(7) Бараме Претседателот на Републиката да не ги потпише указите за прогласување на Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Бугарија склучен на 1 август 2017 година бидејќи не се во согласност со Уставот на Република Македонија и изјавата на премиерот пред Претседателот на Републиката при доверување на мандатот за состав на Влада од 24 мај 2017 година.
(8) Отфрламе референдум, ратификација на меѓународен договор и изменување и дополнување на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата.
Предлагаме помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договри за траен мир и добрососедство на Македонија со соседните држави.
(9) Предлагаме Договор за траен мир и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година, и Декларација за македонско-грчко помирување во којашто ќе се каже дека, културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!
(10) Бараме безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина, со нота на Претседателот на Републиката до Генералниот Секретар и Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Република Грција и југозападна провинција на Република Бугарија, (соодветно на Република Ирска и Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска), без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, на англиски јазик “Macedonian people“ и “Macedonian language“, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат.
(11) Очекуваме извинување од Атина за историските и општествените неправди против Македонците во Грција, репарации за експлоатацијата на природните и археолошките ресурси од 1912 година како и за штетите врз животите и имотите на Македонците во окупираните територии на Македонија, како и враќање на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913, Првата Светска Војна 1914-1918, Втората Светска Војна 1939-1945 и Граѓанската Војна во Грција 1946-1949 година!
(12) Го отфрламе пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!
ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
(13) Најостро го осудуваме Уставниот суд и Управниот суд заради флагрантно
кршење на правата и слободите поради судење во неразумен рок и неразумно постапување по поднесените барања, при што:
(13.1) Бараме Уставниот суд да го поништи Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по иницијатива на Тодор Петров од 21 октомври 2015 година.
(13.2) Бараме Уставниот суд да ја поништи Одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, по иницијатива на Светскиот Македонски Конгрес од 9 мај 2017 година.
(13.3) Бараме Управниот суд да ја поништи Одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, по барање на Тодор Петров од 26 мај и 7 јули 2017 година.
(13.4) Бараме Уставниот суд да ја поништи Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атлантската договорна организација – НАТО, по барање на Светскиот Македонски Конгрес од 30 август 2017 година.
(14) Повикуваме на итно ослободување на сите притворени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и бараме Претседателот на Република Македонија да ги помилува со ослободување од гонење и извршување на казната, како и да определи бришење и укинување на пресудата на осудените.
Повикуваме на итно ослободување на Едмонд Темелко од домашен притвор и бараме Претседателот на Република Македонија да го помилува со ослободување од гонење.
(15) Бараме македонските епископи да го повлечат барањето за прифаќање на Бугарската Црква за Мајка Црква, како неканонско и антиисториско. Го поддржуваме сослужението и евхаристиското единство на Македонската Црква со сите цркви во светот кои ќе ја прифатат Македонската како Апостолска Црква и како една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната Охридска Архиепископија односно Патријаршија и на Јустинијана Прва, со право на бесплатна градежна парцела за изградба на црква и манастир во Охрид како сехристијански светски центар.
(16) Мерките во овој Проглас ќе бидат дополнувани и за тоа јавноста редовно ќе биде известувана.