
СеМакедонскиот Национален Совет-Македониум, од денес, Вторник, 09.01.2018 во 17.00 часот пред Собранието на Македонија, почнува со протести против Анти-Македонската Агенда. Лидерот на Македониумот, Страшко Олумчев, ги повикува сите организации, движења и партии да се приклучат во организацијата на протестите. Тој го повика Македонскиот народ да излезе и да ги подржи протестите.
“Ова е почеток на финалето во разнебитувањето на Македонија како држава и секој еден кој си ја сака државата треба да излезе и со сопственото присуство да го покаже сопствениот револт и несогласувањето со Антимакедонската агенда“, вели лидерот на СеМакедонскиот Национален Совет, Страшко Олумчев.