Дојдете Заедно да Побараме ЈО/ОЈО да Постапи по Законот и Да Им го Одземе Легитимитетот на Пучистите!
Сподели на социјалните платформи:

Здруженијата “Преродба” и “Единствениот Македонски Пат” ве повикуваат утре, Вторник, 11:00 часот, 09ти  Јануари 2018, пред ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО (гугл мапа), ЗАЕДНО ДА ЈА ДОСТАВИМЕ УРГЕНЦИЈАТА ДО ЈО и ОЈО, со ПОТПИСИТЕ од онлајн ПЕТИЦИЈАТА (Кликни и потпиши ја овде!).

Според представникот на организаторите, Ана Бобинкова, правната ургенција се поднесува затоа што одамна се пробиени и не се испочитувани сите рокови за постапување на ЈО по доставеното Барање (од 21.03.2017 г.) за ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ОД 11 ДЕКЕМВРИ 2016 ЗА НЕДЕМОКРАТСКИ И НЕРЕГУЛАРНИ.

Ако ви треба мотивација и пример за храброст за сите нас Македонски браќа и сестри, погледнете го обраќањето на оваа тема на Македонската Хероина Ана Бобинкова од Октомври 2017 пред резиденцијата на Претседателот Иванов која бестрашно се соочува со полициските штитови на хунтата! Ана Бобинкова утре со вас заедно ќе ја поднесе правната ургенција до ЈО да постапи по законот и да им го одземе легитимитетот на пучистите!

 

https://www.youtube.com/watch?v=4tBDW3jBxmU

 

Соопштението во целост:

Здруженијата Преродба и Единствениот Македонски Пат го ПОВИКУВААТ ЧЕСНИОТ, РОДОЉУБИВ И ПРАВДОЉУБИВ МАКЕДОНСКИ НАРОД, на 09/Јануари/2018, ВТОРНИК, во 11 часот, пред ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО (гугл мапа), ЗАЕДНО ДА ЈА ДОСТАВИМЕ УРГЕНЦИЈАТА ДО ЈО и ОЈО, со ПОТПИСИТЕ од онлајн ПЕТИЦИЈАТА (Кликни и потпиши ја овде!) поради тоа што одамна се пробиени и не се испочитувани сите рокови за постапување на ЈО по доставеното Барање (од 21.03.2017 г.) за ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ОД 11 ДЕКЕМВРИ 2016 ЗА НЕДЕМОКРАТСКИ И НЕРЕГУЛАРНИ.

НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ и понатаму ЈО и ОЈО ДА НЕ ПРЕЗЕМААТ НИКАКВИ МЕРКИ, ТУКУ НЕОДЛОЖНО ДА ЗАПОЧНЕ СО СВОИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ И ПОСТАПКИ, ПО ДОСТАВЕНИТЕ УКАЖУВАЊА И ДОКАЗИ (на кои укажуваат и внатрешни и надворешни извори) ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЗА НЕДЕМОКРАТСКИ И НЕРЕГУЛАРНИ!

КАКО И ПОСТАПУВАЊЕ ВО ОДНОС НА НАСИЛНОТО И НЕЗАКОНСКО ПРЕЗЕМАЊЕ НА ВЛАСТА И воспоставување на НЕЛЕГИТИМНА, АНТИМАКЕДОНСКА ВЛАСТ, КОЈА НОСИ НЕЛЕГИТИМНИ ОДЛУКИ И ДОГОВОРИ, НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ И ДРЖАВНИ ИНТЕРЕСИ.

За таа цел, во поддршка на Барањето и Ургенцијата, пред ЈО ќе можат потписниците на Петицијата и секој кој сака, како претставник на СУВЕРЕНОТ, носител и бранител на СУВЕРЕНИТЕТОТ, да има свое обраќање, кое исто така ќе биде составен дел на Досието ,,Вистините за Македонија“. 08.01.2018г. Скопје

Од организаторите

Здружение на граѓани “ПРЕРОДБА“ ЖЕНИ, МАЈКИ, БРАНИТЕЛКИ

Движење за цивилизациските вредности Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ПАТ

Остави коментар