Сподели на социјалните платформи:

Ред патриотски здруженија и организации: ТВРДОКОРНИ, МОС- Македонски Обединети Сили, Движењето Преродба, и, Светскиот Македонски Конгрес, на денешен ден, Kоложег, 8ми, 2018 година, обзнанија ПОВИК за КАМПАЊА НА ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ како граѓанско средство за спротивставување на политичкото насилство врз македонскиот народ. Овие патриотски организации се единствените кои досега непрестано беа на браникот на Македоштината во времето кога двете номинално Македонски партии му свртија грб на својот народ и направија дил со растурачите на Македонија.

Во повикот понатаму се декларира: “Не ги признаваме за легитимни органите кои себе си се нарекуваат: Собрание, Влада и судство на Република Македонија, се додека управувањето со Македонија не му се врати на нејзиниот легитимен историски носител – МАКЕДОНСКИОТ НАРОД”. “Посебно не признаваме ниту една одлука од национален карактер која ќе ја донесат наведените органи и во секоја прилика ќе даваме отпор во спроведувањето на секоја таква нивна одлука”, се вели во повикот на патриотските организации.

Во повикот се покануваат македонските патриотски и национални организации со свој претставник да се приклучат во неформално тело кое ќе дава насоки во кампањата за граѓанска непослушност.

Во исто време Тврдокорни побараа на формирање на Горен Национален Дом составен од национално заслужни граѓани избрани на независни избори кој ќе ги проверува сите одлуки на долниот партиски дом и ќе ги избира врховните правосудни органи со цел да се избегнат понатамошните злоупотреби на власта.

Повикот во целост:

ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ

Остави коментар