Трамп Ја Урна Дип Стејт, Ќе Го Ослободи Асанж а Ќе Ја Уапси Шефицата на Бејли, Хилари!
Сподели на социјалните платформи:

Ех како времињата брзо се менуваат нелегитимен представнику на Дип Стејт, Џес Бејли. Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, според најновите извештаји, веќе идната недела ќе може да се врати во САД, без страв од апсење. Додека Дип Стејт перјаницата и шефот на Бејли, Хилари Клинтон, ќе биде уапсена заедно со редица Дип Стејт припадници! (Чао Бејли, Чао ХојтЈи).

Дејли Мејл пренесува (Гугл Преведувач на Македонски) дека токму тоа се крие зад последниот твит на Викиликс, кој гласи: “Владата на САД одлучи да ги затвори своите осумгодишни правни постапки на големата порота против @WikiLeaks (проширена во 2017 година за да ги покрие нашите серии за ЦИА). Чекај, што? ”

Написот вели дека неколку фактори индицираат дека Трамп го ослободил патот за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да биде помилуван. Во тој случај Асанж ќе може да ја напушти амбасадата во која живее без страв од апсење. Во извештајот се наведува неодамнешната иницијатива на САД поднесена на 29 декември и твит од страна на сојузната влада како доказ дека САД веќе го изградиле правниот случај за помилување на Асанж.

Уште повеќе, според информации од про-Трамп круговите, Асанж во Америка ќе помага со доставување документи во истрагата против Дип Стејт. Инаку врз основа на Викиликс информациите за корупцијата на Хилари и Бил Клинтон во Клинтон Фондацијата, Продавањето на компанијата Ураниум 1 на Русите како и за учество во мрежа за трговија со деца за педофилија ФБИ повторно ја отвори истрагата за корупцијата на Клинтонови.

Врз основа на оваа информација ФБИ повторно ја отвори истрагата која беше претходно блокирана и запрена од подржувачот на Хилари, бившиот директор на ФБИ, Џејмс Коми кого Доналд Трамп го избрка од должноста. Дип Стејт и нивниот знаменосец Хилари беа заштитени од нивни приврзаници со кои беа наполнети сите институции кои требаше да го испитуваат криминалот на Клинтонови и на другите припадници на Дип Стејт.

Трамп за година дена создаде услови за патриотите во овие институции да можат да си ја земат власта назад и го зададе последниот удар на Дип Стејт со Извршната Наредба која ја потпиша минатата недела. Таа дава основа за апсење на стански државјани и нивни Американски соработници кои давале пари на Американски политичари за купување влијание. Врз основа на ова се очекува брзо апсење на Хилари Клинтон, и нејзините соработници Џон Подеста, Хума Абедин и други, за потоа кругот да се прошири и на педофилскиот круг на Дип Стејт каде што ќе паднат многу звучни имиња како Бил Клинтон, а изненадувачки, и сегашниот Американски Потпретседател Мајк Пенс.

Остави коментар