Америка е Диктатура, Тврди Американски Научен Труд, Без Право Лажно да Проповеда Демократија во Македонија и Светот
Сподели на социјалните платформи:

САД – држава која подржува пучови и терористи низ цел свет, вклучително и Македонија, а љуби да се нарекува “демократија” и да проповеда демократија на “пониските раси, цивилизации и племиња” – и официјално e прогласена за диктатура, и тоа според официјален Американски научен труд. Оваа Американска студија изработена од врвни професори им го одзема моралното право на патрљците на Дип Стејт во заминување како ХојтЈиевци и Бејлиевци под превезот на демократија во Македонија а и по светот лажно да попуваат и проповедаат фашизам (висејќи по судови, министерства, киснејќи на Македонскиот ДИК за време на изборите). И додека САД ги уништи високите идеали на демократијата  и човековите права глобално (читај повеќе тука) – освен последните бедни муштерии како на пример на нашите празноглави платени Соросоиди – се чини дека оваа научна студија ги открива корените и причините за тоа, имено дека САД е Олигархија а не е Демократија, велат авторитe Мартин Гиленс и Бенџамин Пејџ, професори на Принстон и Станфорд Универзитетите во својата научната студија: Tестирање на Теорија на Политиката во Америка. Елитите, Групите со Интерес, и Обичните Граѓани, (Автори: Martin Gilens и Benjamin I. Page (Journal: Perspectives on Politics / Volume 12 / Issue 3 / September 2014).

Американскиот аналитичар Ерик Зуис во неговиот напис Американците туку што дознаваат дека не живеат во демократија (кликни овде за целиот напис од Eric Zuesse преку Стратешката Фондацијата за Култура) (Гугл Преведувач на Македонски), вели дека “првиот пат кога ми стана јасно дека живеам во диктатура беше во 2014 кога ја прочитав научната емпириска студија која одговара на прашањето за дали федералната власт во САД е автентична демократија, или пак е повеќе диктатурата“. Оваа студија документирано и убедливо потврдува дека Владата на САД е Диктатура, анализирајќи емпириски 1.779 закони предложени во периодот од 1981 до 2002 во Американскиот Конгрес, потврдувајќи дека секогаш станало закон само она што 0.01% од супер-богатите и корпорациите сакале да стане закон. Имено “мнението и желбите на 99.9% од просечниот Американец имаат точно НУЛА и статистички незначајно влијание врз политиката и законите на САД”, заклучуваат авторите.

Како причина за тоа Гиленс и Пејџ го наведуваат фактот дека “Корупцијата е легална во Америка”, што е уште еден прецизен заклучок од оваа студија. Oвa видео одлично ги сумира резултатите на студијата кои според Ерик Зуис, секој американски граѓанин државјанин треба да ги знае, за тоа како супер-богат, како класа, крадат од сите други (секој кој не е супер-богатите) преку озаконета корупција. 

Супер-богатите ја спроведуваат својата контрола преку корупција, која е легална во Америка, а која е недостапна за 99,9% од луѓето кои едноставно не можат да ја купат наклоноста на власта. Ако 99,9% од луѓето се обидат со непарични кампањи да влијаат врз власта, Врховниот суд на САД ќе ги одбие како нелегални. И сето тоа во исто време додека сите облици на корупција кои се достапни само на супер-богатите се прогласени за легални во Америка. Тоа е причината зошто на супер-богатите продолжуваат бидат уште побогати, додека остатокот од населението стануваат се посиромашни.

Накратко, каналите на врските меѓу власта и корпорациите (во 1930-те години се нарекуваше Фашизам или Нацизам, не знам денес) се преку а) корумпираниот процес на носење закони во корист на 0,01% од најбогатите и нивните корпорации на штета на 99,9% од останатите граѓани, и, б) со купувањето на процесот на номинирање и избор на политичари на сите нивоа, од локално до федерално ниво.

 “Овие два графикони најасно покажуваат како 0.01% од богатите ја контролира американската политика”.  Тие на пример трошат милијарди долари кои влијаат врз американската власт и законите ки ги донесува. А амариканските граѓани им даваат трилиони за возврат. Само во последните 5 години, 200-те најмногу политички активните компании во САД потрошиле 5,8 милијарди долари за влијање врз Американските власти со придонес за лобирање и кампања на политичарите. Во истите тие 5 години тие истите компании добија 4,4 трилиони долари бесплатни пари, поддршка од даночните обврзници – заработувајќи 750 пати повеќе од нивната инвестиција.

За да освојат место во Сенатот во 2014 година, кандидатите мораа да соберат донации од 14.351 американски долари секој еден ден од кампањата. Само 0.5% од Американците донираат повеќе од 10.000 долари на било кои избори, па совршено е јасно кои кандидати со чиј интерес при срцето (џебот) ќе се најдат на изборните листи и на кои побогатите со донации скоро сигурно ќе победат. А за возврат за донациите за кампања, избраните функционери потоа донесуваат закони кои се добри за нивните мега-донори а лоши за сите останати.  Избраните политичари трошат 30-70% од своето работно време во прибирање финансиски средства за следните избори. А кога не собираат финансиски средства, единствено што работат е да се осигураат дека законите што ги донесуваат ги задоволуваат нивните главни донори – или нема да можат да се кандидираат на следните избори.

Хафингтон Пост во 2015 објави текст во кој бившиот Американски Претседател “Џими Картер тврди дека САД повеќе не се демократија(Гугл Преведувач на Македонски)Поранешниот американски претседател Џими Картер беше искрен во врска со оваа ситуација во својот одговор до еден слушател во радио емисија за степенот на корупција на највисоко ниво на Америка:

Тоа ја подрива суштината на она што ја направи Америка голема земја. Сега сето тоа е само олигархија со неограничена политичка корупција која е основна за добивање на номинации за претседател или да се биде избран за претседател. А истата таква корупција важи и за изборите на гувернери, американски сенатори и членови на Конгресот. Значи, сега ние сме неми сведоци на субверзијата на нашиот политички систем како исплата на услуги на главните донатори кои ги сакаат и очекуваат за себе по изборите.

Корупцијата во врвот на властите на САД одамна се излеа од своето корито, и допре надвор во свеста на Американската и светската јавноста. И сите царски коњи и сите царски слуги не ќе можат повторно да го изградат на митот за пристојноста и демократијата на САД.

Остави коментар