Сириското/Либиското/Македонското Сценарио на Дип Стејт, Копи-Пејстирано за Дестабилизација на Иран
Сподели на социјалните платформи:

Ние, генерациски благословените со Кинеската поговорка да даде Господ да живееш во интересни времиња, меѓу многуте разни “интересни работи” бевме и сведоци во живо на тоа например како се изветвуваше терминот “човекови права”. И тоа токму од оние кои беа најголеми проповедници и сопственици на “толковниот речник” на се’ што тој високо морален термин може и би можел да значи. Но ние, кои го немавме во посед волшебниот толковен речник на човековите права на Дип Стејт, така и не можевме да ја разбереме целата длабочина и комплексноста на овој висок идеал на човековите права. Така од прво секако ни беше чудно дека шиптарските УЧК терористи на Косово а потоа во 2001-ва и во Македонија имале некакви “специјални човекови права” за кои целиот “високо морален а и демократски” западен свет лееше крокодилски солзи да не бидат случајно нарушени. Во исто време тие терористи можеа слободно да кршат туѓи човекови права, а и покрај човековите права да уништиваат и самите носители на такви права, луѓето, да корнат нивни органи за продажба на црниот пазар, да рушат цркви и етнички чистат цели села и региони. И сето тоа да биде пропратено со заглушувачки молк на “најобjeктивните медиуми како CNN, DW, RFE” кои инаку око не склопуваат поради евентуално нарушени човекови права во било кој дел на светот. Како на пример човековите права во Саудиска Арабија. Уууупс, не важи за нашите “диктатори”.

Нас, заедно со се цел останат свет, малку почнаа да ни се подотвораат очите кога истиот тој Дип Стејт уште еднаш го извади од полиците својот изветвен толковен речник за човековите права, ја дувна прашината од корицата и после пократка сеанса со замижани очи и рацете врз кристалната кугла ни укажа, секако преку најнезависните и објективни медиуми во светот кои никако не се контролирани од ЦИА (прочитај повеќе овде), дека бунтот против Гадафи во Либија исто така да ти бил за “човекови права”. Уште повеќе а можеби и сосем, очите се отворија малку подоцна, кога исто така беше “објавено одозгора” дека борците на тогаш веќе формираната Исламска Држава против Сирискиот секуларен Претседател Асад, исто така, иако се разбира нашето неискусно око не можeло тоа да го свати на прв поглед, да ти биле “борци за човекови права”. Мислам дека на нас што одамна ни беше тргнат превезот од очите, во тие моменти ни се придружи цел свет во сознанието дека всушност, царот е гол, и дека не се работи за никакви човекови права туку за излитен и грозен интерес на глобалните военохушкачи кои уживаат во фрлање бомби од авион кои значат нарачки за нови бомби, нови профити, и така циклично до бескрај.

Но за оние кои можеби се уште веруваат во “човековите права” тука за среќа се најде Politico кој на 19ти Декември 2017 ни објасни како Рекс Тилерсон како нов Државен Секретар го учеле како “САД треба да ги користат човековите права како стап против своите противници, како Иран, Кина, Северна Кореја итд, додека човековите права треба да ги премолчува кога се работи за репресивни сојузници како Филипините, Египет и Саудиска Арабија.

Меморандумот на Стејт Департментот од 17ти Мај 2017 бил напишан од влијателниот политички помошник на Тилерсон, Брајан Хук, како краток доверлив текст (ролче за препишување на испити) за својот шеф, оцртувајќи “до каде треба се истакнуваат човековите права, промоцијата на демократијата и либералните вредности во американската надворешна политика”. За во случај новиот Тилерсон да е малку приглуп, советникот му пишува, полека, и со големи букви: “Сојузниците треба да се третираат поинаку – и подобро – од противниците. Инаку, ќе завршиме со повеќе противници и помалку сојузници”, пишува длабоко-филозофскиот меморандум, напишан од Брајан Хук.

И ако ова не беше толку трагично и застрашувачки ќе имаше совршен комичен тајминг, бидејќи во Иран накратко после написот во Politico избувнаа протести кои траат и последниве денови. И како под команда, западната империја одеднаш и унисоно се фати повторно за својот прашлив толковен речник за човекови права и почна унисоно и преку целиот политички спектар да изразува “длабока загриженост” за човековите права на тие демонстранти, сите со ист вокабулар, од Трамп, преку Хилари Клинтон (да, уште е жива), Борис Џонсон, итд.

Еднаквоста и подлоста на нивните твитови ја сумираше Даниел МкАдамс: Tочно истoто сценарио од Киев, Либија итн, ја дувнале само прашината одозгора. Истите зборови. Особено суровo звучи кога се подготвувате да ги бомбaрдирате истите тие граѓани за чии права се преправате дека се грижите …

Значи, сега веќе сите знаеме ја знаеме и оваа песна и овој танeц, дека секое зло може да се оправда во името на “човековите права”. Во Октомври 2017 слушнавме од поранешниот Катарски Премиер дека од самиот почеток на протестите во Сирија во 2011 година биле под голем притисок од САД и нејзините сојузници за учество во соборување на Сириската влада како дел од таканаречената Арапска пролет. Ова откритие дојде во исто време со потврдата во Intercept кој конечно ги објави документите на НСА (Дел од Дип Стјет како и ЦИА) со кои се потврдува дека странските влади биле во директна контрола на “бунтовниците” (главосечачите на ИСИЛ), кои почнаа да ја напаѓаат Сирија по протестите во 2011 година. Загриженоста во врска со човековите права на главосечачачите и вахабистите на Исламската Држава беше до бесвест користена во текот на целата војна и на цела територија каде се водеше Сириската војна и беше мекритички пренесувана од сите медиуми на платен список на ЦИА, како DW, RFE, VOA итд. И додека западните влади јавно ги критикуваа “нарушувањата на човековите права на терористите”, во исто време истите тие влади тајно ги вооружуваа и ги обучуваа терористичките фракции на радикалните вахабисти за убиства, силување и ограбување низ целата Сириска земја.

Се ова предизвикуваше длабоко чувство на дежа ву. Во Либија, западниот интервенционализам беше исто така оправдуван со изговорот за одбраната на човековите права кога целта беше, всушност, промена на режимот. Во Украина, платниците на империјата беа најгласни на протестите во Киев, кога целта беше, всушност, промена на режимот. И кој може некогаш да ги заборави “сиромашните угнетени луѓе” од Ирак во времето на Садам Хусеин, кои сигурно некој очекуваше дека ќе ги поздрават напаѓачите од САД како ослободители?

Во 2007 година пензионираниот генерал Весли Кларк, нам познат од интрвенцијата на Косово, а сега голм критичар а Дип Стејт, рече дека околу десет дена по терористичкиот напад на  11 септември 2001 слушнал дека Пентагон веќе прави планови за сосема неоправдана инвазија врз Ирак и дека му бил покажан меморандум со план да “разруши седум земји за пет години, почнувајќи од Ирак, а потоа Сирија, Либан, Либија, Сомалија, Судан и, завршувајќи, Иран”.

https://www.youtube.com/watch?v=9RC1Mepk_Sw

И така доаѓаме до Иран, последната земја од планот каде што веќе почнаа да се одвиваат протести. (А за тоа дека планот на Дип Стејт доживеа тежок удар и несупех со жестокиот воен пораз на САД од Русија во Сирија читајте овде) И додека западните медиуми тврдат дека протестите се со економска основа, Иранскиот Претседател Хасан Рухани тврди дека се предизвикани од надвор. Експерти за Иранското прашање од Русија за Радио Спутник велат дека протестот не започнал во Техеран туку во помали провинциски градови и дека ЦИА работи на разгорување етнички и религиозен пламен меѓу предоминантно шиитските Персиски Иранци и малцинствата како Азерите, Курдите итд.

Дека подготовките за дестабилизација на Иран се во поодмината фаза сведочи и фактот дека двајца високи функционери на владата на САД, секретарот за одбрана Џејмс Матис и државниот секретар, Рекс Тилерсон, отворено ја анализираа “потребата од мирна транзиција” на иранската влада. Вашингтон, исто така, размислува за санкции против поединци во Иран кои, наводно, се одговорни за “разбивање на иранските демонстранти”.

Во интервју за Гласот на Америка, според извештајот во иранскиот весник Financial Tribune, Заменик-помошникот државен секретар за Ирак и Иран, Ендрју Пик, рекол дека САД планираат да изградат меѓународна коалиција за поддршка на “легитимните права на иранските граѓани за искажување незадоволство”.

Ако, како што тврди Рухани, странските сили се навистина вмешани во сегашните граѓански немири и креирање проблеми во Иран, тоа секако нема да биде првпат. САД активно беа вмешани во соборувањето на демократски избраниот ирански премиер Мохамед Мосадег во 1953 година и во инсталирањето на бруталниот режим на Шахот Мохамад Реза Пахлави.

Поранешниот претседател Барак Обама и сам го кажа ова во 2016 признавајќи дека во “средината на Студената војна, САД одиграа улога во соборувањето на демократски избраната Иранска влада”, нешто што ЦИА подоцна го призна.

Лекција за сегашнава криза со протестите во Иран е дека Дип Стејт јасно работат на вештачко производство (фабрикување) на поддршка на јавноста за интервенционизмот во оваа клучна стратешка локација. После катастрофалните последици од слично подготвената и фабрикувана инвазија на Ирак, ништо друго освен највисок степен на скептицизам кон ваквото подготвување на теренот од страна на ЦИА не е прифатливо.

За среќа, бидејќи целосната инвазија врз Иран ќе биде далеку поскапа и посмртоносна од инвазијата на Ирак, поддршката за ова ќе треба да се фабрикува не само во Америка, туку и во рамките на целата коалиција на нејзините потенцијални сојузници. Ова ќе биде исклучително тешко да се направи, но добога, кога таква можност за војна и профити би била пропуштена од страна на Дип Стејт, и затоа ништо нема да ги спречи да продолжат да се обидуваат.

 

Остави коментар