Оцрнување на поимите и идеалите на демократијата и човекови права глобално и во Македонија
Минатата година две, ние Македонците, како и многу други народи пред тоа, бевме сведоци на едно длабоко оцрнување на сите демократски вредности и идеали кои и беа продавани со децении на Македонија. Овие високи идеали во кои и сами почнавме да веруваме бидeјќи не сакавме да си признаеме дека фактички не постојат, умреа кога Дип Стејт преку својот приватен и нелегитимен намесник Бејли направи мајтап од демократијата во Македонија преку украдените избори во Декември 2016 и Октомври 2017. И додека Бејли, како злобниот Гринч од сказките кој на децата им го украде Божик, сигурно ужива во кратковидниот “успех”, сепак радоста од краткорочните ефекти од кражбата на демократијата не му е благословена и ќе му преседне наскоро и тоа на многу поважни и посуштински геостратешки ефекти од овие еквиваленти на ситни обивања на трафики за цигари.
Имено токму ваквата замешаност во изборни кражби и рушење на легитимно избрани влади од страна на Дип Стејт, од обоените револуции, преку измислени Арапски пролети, подршка на терористи, ги оцрнија во очите на целиот слободољубив свет глобално овие високи идеали чиј бранител требаше да биде токму САД. За овие идеал многумина во светот беа готови да гинат, како и ние во бивша Југославија кога се рушеше комунизмот, а тоа се слободата, човекови права и демократија. А сега, овие празни зборови се веат како некое жално испарталено и извалкано знаме на ветрот, оцрнети до корен од самите оние кои беа сметани за носители и проповедници на овие идеали, САД.
Поради ваквата глобално разобличена воено-хушкачка, недемократска и клиентелистичка Американска надворешна политика – киднапирана последниве децении од нео-конзервативците – САД и не може веќе на ниеден “диктатор” од Узбекистан до Северна Кореја да им продава бајки за демократија, човекови права итд.
Уште потажно за САД е тоа што поради ваквата политика на Дип Стејт го изгубија и моралното право да им ја продава таа излитена бајка на народите и младите од земјите во развој без да предизвика смеа кај слушателите, освен, секако кај шаката платени “активисти” на Сорос и УСАИД. Многу индикативно е дека како резултат на ваквата политика на Дип Стејт во последниве неколку децении, за прв пат глобален примат во популарноста кај народите и посебно младите низ целиот свет имаат Русија и Кина, и нивниот концепт за сувереност на нациите.
Како е украден Македонскиот Патриотски глас на изборите во 2016 и 2017.
Оцрнувањето на демократијата во последниве 3 години почна со јавното застанување на Дип Стејт зад една безпрограмска и испумпана политичка врхушка која 10 години е поразувана на избори и која не представува никого освен себеси и тесен бизнис и роднински/пријателски круг. Гнасните афери и бомби кои не би имале никаков правен ефект ни тука ниту во САД беа користени за рушење на тогашната владејачка партија, без разлика што лидерот на тогашната опозициона партија беше и остана докажан криминалец и корупционер. И кога и тоа не помогна во подигањето од мртвите на корумпираниот леш на СДС, Дип Стејт падна на уште пониско ниво со креирањето на изборен политички Франкенштајн за еднократна употреба за рушење на Македонија. Представниците на Дип Стејт во Македонија ревносно поработеа на поврзување на корумпираниот СДС со радикалниот ислам преку кооптирање на радикални елементи во врвот на СДС и поткупување на вахабистичките оџи да се гласа за СДС и со тоа за првиот Калифат во Европа! Поткупување на гласовите беше евидентирано за време на изборите и полицијата која беше под контрола на СДС активно помагаше или затвораше очи пред вакви факти.
Постојат сомневања дека и агрегирањето на гласовите било хакирано со цел дополнително да се осигура резултат пожелен за Бејли. Имено Ivote Demokrat програмата, на Ivote фирмата која го организираше агрегирањето на гласовите, е ноторно слабо заштитениот совтер-како-сервис систем кој аутсорсира ваква национално важна услуга на мала приватна фирма. Доволно е далeчински да се инсталира софтверски бекдор свич (задна врата копче) во source code-то на Ivote Demokra и резултатите на изборите некој да ги штима колку и како сака без никој да забележи, дури ниту ИВоте нема да знаат. А за тоа колку е лесно без трагови и бeз знаeњe на операторот да сe фалсификува агрегирањето на гласовите пишува во својот научен труд Адам Авив заклучувајќи дека “резултатите од изборите можат да се менуваат во рамките на ES&S систмот (изборен софвтерски систем) преку искористување на било кој од голем број на различни пропусти кои беа идентификувани и кои дозволуваат да се спроведат напади што ги менуваат изборните резултати во изборната единица и дека, во некои случаи, не може да се открие или докаже ниту преку ревизии ниту пак преку рачно пребројување! Широкиот опсег на таквите напади му даваат голема моќ на противникот и е извонредно тешко да се открие, да се следи или да се одбрани од вакви напади” (читај го целиот труд тука: Проценка на безбедноста на системи за изборен менаџмент Adam Aviv et al. 2008). (Гугл Преведувач на Македонски). Дека вакво нешто се случило и кај нас постојат голeми сомневања поради нeсовпаѓањето на инаку дотогаш правилните предизборни анкeти и егзит-полс, како и на огромeн број на жалби на политичките партии за префрлање на гласови, мешање на гласови од еднo во другo изборно место, општина и единица.
Дека ова можело да биде случај, покажа и прегласувањето во Теарце, кога поради немањето можност да се задскрие изборното место во шумата од илјадници други гласачки места и под будното око на јавноста, сите софвтерски трикови беа исклучени затоа што ќе беа видливи. А колку и најмала манипулација е важна за конечниот резултат покажаа и изборите во САД кога целиот Дип Стејт ја туркаше Хилари за претседател и покрај сите кражби не успеа да го спречи Американскиот народ да гласа за Трамп. Имено, оние наивни демократи кои сметаа дека на нивната фаворитка Клинтон навистина и биле украдени гласови и бараа рачно пребројување во три држави, доживеаја жестоко будење а и соочување со доказ дека всушност Хилари била помогната со кражба при агрегирањето на гласовите на изборите. Во Висконсин на пример, првичното водство на Трамп од 27,257 гласови, после рачното пребројување му било зголемено и му биле додадени 844 нови гласови, кои очигледно му биле украдени на првото броење! А бројката од нови 844 гласови на 27,257 разлика значи околу 3% пресврт! Замислете го значењето на ваков 3% пресврт на разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во ситуација кога и само еден глас во Теарце значеше разлика од 2 пратеника! Оваа анализа не е одбрана на гласот за ДПМНЕ (кој и сам недоволно си го бранеше) туку одбрана на огромниот контингент на Македонскиот Патриотски Глас кој е многу поголем од преброеното и дека предмет на вакви бекдор манипулации биле и другите патриотски партии, ВМРО-НП, НДМ итд, чии гласови исто така се намалени. Ова е многу важно, бидејќи целта на психолошката војна на Дип Стејт и домашните квислинзи е да ги деморализира Македонците велејќи им дека еве малку сте, додека вистината е дека Македонскиот патриотски глас е огромен во споредба со оној квислинсшкиот глас кој е напумпан со изборен инженеринг.
И да им заштедиме на IVote сили за правење деманти и за тоа како тие се толку многу подготвени за такви потенцијални бакдор свич (задна врата копче) поставени од Дип Стејт така што нема шанси тоа да се случило. Прво, да бидат свесни дека сите знаеме дека ни поголеми фирми а и цели земји, како Германија, Франција итд не можат да се одбранат од инсталирање на таков еден бекдор свич кој ги менува изборните резултати а камоли малата Ivote од Дебар Маало. IT компании на Германската област Баден-Виртемберг на пример дизајнирале подобрен безбедносен софтвер за заштита на клучните владини институции. Но, Сандро Гајкен, експерт за софтверка безбедност се сомнева дека овој софтвер може да обезбеди заштита затоа што Германските компании немаат речиси никакви шанси против “супер хакерските способности” кои доаѓаат од САД. (Гугл Преведувач на Македонски). Тие немаат ниту стручност ни доволно средства, вели Гајкен.
А дека при сила нема правина, сведочи и Нико Сел, која најавувајќи дека нејзината компанија Wickr направила драстични промени за да ја осигури безбедноста на своите корисници, потврди дека компанијата е под притисок на агенти на Федералното Биро за Истраги (ФБИ) кои продолжуваат да прашуваат дали би била подготвена да инсталира задна врата во Wickr за целите и потребите на ФБИ. (Читај повеќе тука за како е кога ФБИ ќе побара да вградиш задна врата копче за нив). (Гугл Преведувач на Македонски)
А во одбрана на IVote е и фактот дека нивна активна вклучност во ваков бекдор свич не е ни потребна и тие точно можат да бидат совршено несвесни и неинформирани за тоа! За тоа колку е тоа лесно да се направи без траги, далечински и без знаење на операторот на софтверот, еве го познатото сведочење на Клинт Кертис под заклетва пред Конгресот на САД во 2004-та година.
А дека некој има голем интерес тоа да го преточи во акција сведочи и дека Сорос е сопственик на машини за гласање во 16 Америкaнски држави и дека во 2012 Сорос со помош на тогашниот претседател Обама станал сопственик на Шпанската SCYTL која ги агрегира и пребројува гласовите на изборите во САД. (читај овде на Snoopes)!
И додека ДИК на Македонија се согласил сите изборни податоци на граѓаните да не бидат во сопственост и под контрола на ДИК и на државата Макeдонија туку во раце на приватна компанија и нивни приватни сeрвери а не оние на ДИК, изборната IVote Demokra е веќе подолго време офлајн на нивниот сајт. Така што желбата да прочитате нешто повеќе на IVote Demokra за тоа како вашиот глас бил броен (или не) ќе ви остане токму тоа, само пуста желба. Индикативно е дека ваква клучна услуга на IVote e недостапна иако со неа се броеле изборите во, внимавајте, Македонија, Албанија и Косово! Се желба до желба на Дип Стејт за влијаење врз резултатите.
Saas, или софтвер како сервис, под обландите за заштеда на купување на софтвер и хардвер, фактички ги aутсорцира националните интереси на Македонија на приватна компанија. “SaaS ја отстранува потребата организациите да инсталираат и да стартуваат апликации на сопствените компјутери или во нивните центри за податоци. Ова го елиминира трошокот за стекнување хардвер, обезбедување и одржување, како и лиценцирање на софтвер, инсталација и поддршка“. Ова фактички, а уштe поважнo од заштeдите кои и онака се дискутабилни, значи и одрекување од секаква можност за контрола на процесот на броење и на самите резултати од страна на ДИК! Без многу галама, отпор, да? Или намерно? Затоа што целата безбедност на изборниот систем на Македонија е во рацете на приватна фирма која е лeсен плен за далечинско инсталирање на ваков бекдор свич.
Кражбата на Македонскиот Патриотски глас во 2016 и 2017 резултира во нелегитимни инситутиции и необврзувачки и неважечки одлуки.
Значи воспоставено е над секое сомнение дека одредени нелегитимни сили како представникот на Дип Стејт во Македонија Бејли, кој после изборите во Ноември 2016 нe го представува Американскиот народ ниту Трамп, имале и мотив и можност а и средства да го урнат демократскиот систем со децении граден во Македонија што ги прави изборните резултати од 2016 и 2017 НЕЛЕГИТИМНИ А СИТЕ ИНСТИТУЦИИ И НИВНИТЕ ОДЛУКИ НЕВАЖЕЧКИ И НЕОБВРЗУВАЧКИ. (Гласај овде за подршка на правната доставка до ЈО за објавување на изборите за нелегитимни.)
И дека постои оправдано сомневање за кражба на изборите со сите анти-демократски средства и методи сведочи и Американскиот Сенатор Мајк Ли кој ја доведува во прашање употребата на пари од УСАИД во Мекдонија, доделени на организации поврзани со Сорос, како што се Фондациите Отворено општество. Сенаторот Ли побара отчетност од Амбасадорот Бејли и ја изрази својата загриженост во врска со извештаите дека овие пари се користат за понатамошно дефинитивно партиски причини, пишувајќи: “За жал, добив веродостојни извештаи дека во изминатите неколку години Мисијата на САД во Македонија активно интервенираше во партиската политика на Македонија, како и во обликувањето на медиумското опкружување и граѓанското општество, често фаворизирајќи групи со едно политичко убедување на штета на другите“. (прочитај го целиот текст тука)
Но на Бејли сигурно и не му е гајле за страшните гео-стратешки импликации од урнатата репутација на земјата која (од Ноември 2016) нелегитимно ја представува и слободољубивиот како и шут-картата од патриотскиот Американски народ кој го делегитимара и него и Хојт Јиевци со изборот на Трамп за Претседател на САД наспроти галеничето на Дип Стејт, Хилари Клинтон. Но ако не му е гајле за глобалниот дебакл на политиката која ја представува, дебаклот и никаквите ефекти на краткорочниот анти-демократски пуч што го изврши ќе му стануваат се појасни со секој изминат нов ден во оваа 2018. Имено, станува се појасно и дома и регионално и кај политичкиот eстаблишмент дека и политички и правно а секако и од аспект на перцепцијата, оваа квислиншка власт не може да носи легитимни одлуки и не може да гарантира нивно спроведување. Изборниот генетички инженеринг на Бејли донесе ситуација во која неговата марионетска влада треба да донесе одлуки, закони, декрети, кои не само што немаат легитимет внатре во земјата туку и нашите соседи разбираат дека одлуките на оваа квислиншка влада нема да бидат применливи или одржливи подолго од краток рок, ако не се донесени со внатрешен консензус. И додека политичката нелегитимност јасно ги подрива одлуките на квислиншката влада кои имаат за цел бришење на Македонскиот идентитет и државност кои никогаш не биле предмет на изборна проверка или пак подржани на избори или референдум, правната неиздржаност на формирањето на институциите преку анти-уставен пуч на 27ми Април 2017 е уште подлабоко основана и ќе биде жива и во фокус на судските институции каде се подесени правни процедури кои го оспоруваат правниот легититимет на инситутициите. Да не зборуваме за перцепцијата на народот кој се повеќе разбира дека анти-уставниот пуч не беше за 500 евра плата туку за ситни геостратешки интереси на Дип Стејт, имено блокирање на 2та Глобална Опција на Балканот и Глобално (читај тука). И кога народот ќе се разбуди пред фактот дека наместо маркетиншки убавите Швајцарија и Белгија, им се протура Македонија по теркот на Босна и Косово, ќе ја разбуца сета веќе истенчена шема на квислинзите за уривање на Македонија под превезот на “борба против корупцијата”.
Значи ситната кражба, без легитимитет од целиот народ и од мнозинскиот патриотски контингент за било која одлука, ќе биде без ефект! Можеби за Американците историјата е нешто не подалеку од неколку децении наназад, и не разбираат дека нивната “генијална” идеја за Бугарско/Шиптарско делење на Македонија не е ниту многу нова ниту пак оргинална а ниту била ниту ќе биде успешна. Колку што тогаш силниот Хитлер не успеал да ја спроведе, толку и сега поразениот Дип Стејт уште помалку ќе може. За жал, може само повторно да го запали Балканското буре барут. Но, господе и јас претерувам, кога пак тоа им било грижа на Дип Стејт за евентуалната смрт на илјадници невини луѓе кога од самата помисла за таков еден конфликт на нивните компании веќе им течат лиги од можноста за продажба на оружје и муниција.
Ваквото оцрнување на високите идеали и принципи на демократијата од страна на токму оние кои со децении беа сметани за “светилници во ноќта” има и ќе има катастрофални последици за САД и во Македонија и во регионот. Освен тоа што сето ова води кон нелегитимни институции и неважечки и необврзувачки одлуки, имено на Балканот веќе го гледаме како во огледало она што се случува глобално, а тоа е страотен пад на репутацијата и довербата во САД и НАТО кај граѓаните на Македонија а и пошироко во регионот, Бугарија, Србија, Грција, Црна Гора. Спектакуларниот пад на довербата е илустриран од еден навидум неверојатен факт, дека граѓаните на 4 земји членки на НАТО, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина и Турција, би ја избрале Русија за заштитник во случај на војна а не НАТО (читај повеќе овде Bloomberg). (Гугл Преведувач на Македонски).
Симболички како што и зслужува, жестокиот пад на военохушкачката политика на Дип Стејт глобално (читај тука) продолжува на Балканот и тоа точно во Македонија откаде во 2018-та ќе тргне и целото домино на повлекување на НАТО од држава по држава на Балканот и враќањето на глобалните сили Русија и Кина.
Среќна Нова 2018 Суверена Македонска Македонијо!
Бравос. Многу воочени точки кои се рефлект на светската глобалистичка пракса. Истото поодамна се говори по светските мрежи (кои сеуште не се осакатени со новите закони за hate speech). Овде локализирано на домашен терен.
Еден можен предлог до авторот. Написов е “полн како око” … Вадемекум. Има простор за зум по поединечни точки. Напред … (како беше? чирак, калфа) … Мајсторе.
Крајно време е за директна демократија. Многу недоветни ова демократскиве застапници кои ни ги подметнуваат.