Жесток удар на кандидатот за лидер на ВМРО-ДПМНЕ Филип Петровски кон Христијан Мицковски за обид да го украде лидерското место преку манипулација со делегатите од предстојниот конгрес и без консултации со членството.
Во видео обраќањето вечерва (Вторник 19, Декември), Филип Петровски го обвини Мицковски дека е полтрон на Бејли кој е спремен да го смени името и дека над 90% од членството не го ни познава. Тој рече дека во средбите со народот се гледа дека има силна подршка за враќање на храброто и смело ВМРО-ДПМНЕ наместо она какво што ќе биде со наместените полтрони кандидати. Филип Петровски рече дека неговото задвчерашно видео било прегледано над 100,000 пати за 48 часа.
Филип Петровски рече дека денес еден протестант е уапсен на граница во обид да се блокира границата во знак на солидарност со уапсенит уставобранители и дека Хунтата знае дека ВМРО-ДПМНЕ е меко и затоа може неказнето да апси и врши тортура.
Филип Петровски вети дека под негово водство нема да биде така и дека со смелост и цврстина ќе ја урнеме и ќе ја одбраниме Македонија. Кликнете на видеото подолу.
[fbvideo link=”https://www.facebook.com/filip.t.petrovski/videos/2050665571833971/?notif_id=1513708872071173¬if_t=live_video” width=”500″ height=”400″ onlyvideo=”1″]