Како уште еден индикатор на рапидното уривање на угледот и влијанието на САД во сите региони на светот, Заменик Претседателот на САД Мајк Пенс, мораше да ја откаже планираната посетата на Блискиот Исток откако половина од средбите му биле откажани. Прочитај го целиот напис во Washington Post. (Гугл Преведувач на Македонски)
Пенс планираше да замине на речиси еднонеделно патување во кое беа предвидени и состаноци со Израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху, Палестинскиот Претседател Махмуд Абас, Египетскиот Претседател Ал Сиси, големиот имам на египетската Ал-Азхар џамија и Патријархот на Египетската Коптска Црква, кој ја предводи најголемата христијанска деноминација на Блискиот Исток со некаде 10 милиони православни христијани во Египет и пошироко во регионот.
Одеднаш, половина од состаноците на Американскиот Подпретседател Пенс беа откажани. Дипломатскиот советник на Абас, Мајди Калди, рече дека Абас нема да се сретне со Пенс “бидејќи САД ги преминаа црвените линии” со својата одлука за Ерусалим. Двајцата верски водачи и Исламскиот и Христијанскиот, исто така, одбија да се сретнат со Пенс. Само Египетскиот Претседател Ал Сиси неволно се согласил на кратка средба.
И се чини дека додека цел свет го разбира колапсот на империјата кој се одвива во живо пред наши очи само нашите лидери се уште треперат од тигарот од хартија и им прават метании на секакви мали глобалистички апартчици како делегитимираниот во сопствената земја Бејли, а да не зборуваме за уште понезначајни Жбогари, Могериновци, Хановци итд. Чекаме ваков силен потег во време кога судбината на нацијата и државата е во прашање и од нашите политичари а најповеќе од Претседателот Иванов кој мора да стави вето и на законот за јазици и на обидот за менувањето на име.