Трамп ќе ја објави својата визија за надворешната политика на САД со фокус на домашни а не на меѓународни прашања
Сподели на социјалните платформи:

Претседателот Доналд Трамп денеска, понеделник, (доцна навечер по Македонско време), треба да ја представи својата (прва официјална) стратегија за национална безбедност. И додека се чека обраќањето на Трамп информаците на оние кои имаат достап до деталите, велат дека ова ќе биде најизолациска визија за американската надворешна политика во поновата историја, со силен акцент на обновата на економијата и одбраната на границите на САД. Ова го потврдува и порталот Политико пишувајќи дека Трамп во својата нова национална стратегија ќе објави свртувањe кон домашни проблеми (Politico) (Гугл Преведувач на Македонски)

Сите овие тектонски геостратешки поместувања го потврдуваат она што Коложег го напиша за повлекувањето на САД и НАТО од Балканот и за неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија (кликни на линков за да прочиташ повеќе).  Ова секако не е предизвикано од премногу добра волја, туку едноставно од немоќ да се одржат прескапите воени операции, бази и инсталации по светот, што се виде и со срамното виткање опашка на САД пред малата Северна Кореја (кликни и прочитај повеќе тука).  Ова само се надоврзува на тешкиот и понижувачки пораз на САД во Сирија од страна на Русија и бришењето од земјата на милениците и платениците на ЦИА, главосечачите на ИСИЛ. Сличен случај е и военото повлекување од спорот со Кина околу Спратли Островите во Јужното Кинеско Море, каде што Армијата на НРК слободно си продолжува со градење на воени бази од гигантски размери

Со оваа стратегија се става крај на граѓанската војна која се води до денешен ден меѓу Трамп од една страна и ЦИА и Дип Стејт од друга кои после поразот на нивната пуленка, Соросовиот глобалист Клинтон, сакаат да го соборат легитимно избраниот претседател за да продолжат со својата военохушкачка и интервенционистичка политика во која само во последнава деценија само настрадаа милиони невини жртви, мнозинството деца и жени.  Империјата на Дип Стејт и нивните остатоци по светските амбасади се поразени заедно со се Соросовата опција за свет без граници и нации. Сите тие како Бејли ќе си се вратат дома да продаваат хамбургери во некојси МекДоналдс а Америка ќе се врати во друштвото на народите како почитуван и добар член.

Но за квислинзиве ќе нема за сите место во последниот Сајгонски хеликоптер што ќе одлета од Калето.

 

Остави коментар