Руско-Кинеското оживување на златниот стандард за нивните валути значи крај на Доларот
Сподели на социјалните платформи:

Земјите од БРИКС започнуваат подготовки за креирање на заедничка меѓусебна платформа за тргување со злато. Кога тој процес ќе се комплетира, глобалната економија ќе претрпи големи промени а Западот ќе ја изгуби својата доминација, предвидува експерт за скапоцени метали. Според Клаудио Грас, од Швајцарска Консултантска Компанија за благородни метали, 24,338-те тони физичко злато тргувани во 2016 година представуваат пораст од 43% во однос на 2015 година.

Златото се движи од Запад до Исток

“Ние мора да ја гледаме иницијативата БРИКС во поширок контекст. Тоа е само дел од геополитичката тектонска промена која започна пред неколку децении. Видовме постојан одлив на физичко злато од Запад кон Исток. Во исто време, Западот ја загуби економската војна, и како последица на тоа, фокусот сега се свртува кон финансискиот систем. Кина доминира во светската економија и ги замени САД како најмоќна економска локомотива на светот “, изјави Клаудио Грас за Русија Денеска – Russia Today.

Создавањето на нов златен стандард од страна на БРИКС, исто така претставува чекор кон крајот на доминацијата на доларот во глобалната економија. “Како што Пекинг и Москва разбираат дека Америка го искористила доларот за да го контролира светот, тие спроведувајќи ваков нов вид” Златен стандард 2.0″ сакаат да се одтргнат од оваа контрола. Освен тоа, огромното мнозинство луѓе во Азија го гледаат златото како супериорно средство во однос на книжните пари т.е. како “вистински” пари, нешто што Западот го заборавил поради целокупното хартиено богатство што го собрале “, рече Грас.

Експертот забележува дека земјите од БРИКС сочинуваат 40 отсто од светското население и околу 23 отсто од светскиот бруто домашен производ. “Во комбинација со објавувањето на цената на нафтата во јуани, користејќи договори за фјучерси поткрепени со злато на берзата во Шангај, формирањето на Азиската Инфраструктурна Инвестициска Банка и Новата Развојна Банка на БРИКС- Кина заедно со партнерите од БРИКС воспоставуваат алтернатива на пост-Бретон Вудскиот свет. Сега, секако, го гледам пресудниот момент во овие промени”, рече Грас.

Физички поддржан пазар на скапоцени метали го означува крајот на трговијата со хартиено злато.

Веќе воспоставеното високо ниво на доверба меѓу земјите од БРИКС им помага да организираат тргување со златото која и де факто би била 100 отсто поткрепена со физичко злато. “Ова ќе претставува одржлив систем кој со текот на времето може да доведе до колапсна постојниот систем, бидејќи Западот, всушност, ќе продолжи да тргува со хартиеното злато а не со вистинско”, рече Грас.

За тоа дека хартиеното злато не е физичко злато сведочи и следниов момент. Според статистичката анализа за трговија со злато за 2016 година, вкупниот обем на тргување со хартиено злато на лондонскиот пазар преку шалтер се проценува на еквивалент од 1,5 милиони тони злато, забележува аналитичарот. Но износот на минираното физички опипливо злато е многу помал.

“Ако сега се земе предвид дека само околу 180.000 тони злато всушност се минирани до денес, измамата со хартиеното злато е од гигантски размери и очигледно неодржлива. Измамите со златото од хартија во Лондон и Њујорк ќе бидат уништени кога кога и само незначителен дел од инвеститорите ќе инсистираат на добивање на физичко злато за возврат “, рече Грас.

Експертот верува дека трговијата со хартиеното злато би можеле да колабрираат секој момент, и дека тоа ќе се случи порано или подоцна, но секако не многу доцна.

Последната битка: Злато наспроти американски долар

Аналитичарот ја споменува теоријата на Хјустон Макиндер, британски геостратег од почетокот на 20 век, кој влијаел на Хенри Кисинџер и Збигњев Бжежински, двајцата креатори на Амеиканската надворешна политика во последниве 50 години. Според оваа теорија, наскоро ќе се соочиме со војна меѓу физичкото злато и американскиот долар. Според моето разбирање, сведоци сме на финалната фаза на битката меѓу валутите. Во последно време доларот се одржува само врз нереалните ветувања или желби и предпоставки дека идните Американски генерации ќе плаќаат за тоа преку повеќе личен долг, повисока инфлација и постојано зголемување на оданочувањето”, рече Клаудио Грас.

Ова е всушност војна меѓу валутите кои ќе бидат поткрепени со злато и оние базирани на печатење парче безвредна хартија. Доларите беа вистински пари со покритие со злато се до 1971 година кога Никсон го напушти златниот стандард за доларот поради немање физичко злато за покритие. Од тогаш доларот се одржуваше на психолошка основа, бидејќи земјите веруваа во силата и иднината на Американската економија што со губењто на Американската, а и воопшто Западната економска конкурентност, не е веќе случај. Затоа, во последнава деценија доларот се одржува со воени интервенции кон земји чии лидери го напуштаа безвредниот долар во меѓународната трговија со нафта и креираа свои валути поткрепени со физичко злато, како на пример Моамер Гадафи во Либија и Садам Хусеин во Ирак.

Но и овие напори за одржувањето на доларот преку воени интервенции беа со краток здив и мал ефект. И покрај свргнувањето на Хусеин и Гадафи, Американците загубија Ирак кој сега е под целосна контрола на Иран, и го губат влијанието во Либија, каде Русија (Прочитај повеќе за Руското влегување во Либија) и Кина влегуваат со воено и економско влијание во Источниот дел на Либија под водство на Генералот Калифа Хафтар кој не ја признава марионетската влада поставена од САД во Триполи. И ако САД не можеа воено да се справат со движења на отпор на групи борци во сандалки во Авганистан и Ирак, не можат ни да помислат воено да ги нападнат велесилите Русија и Кина со цел одржување на доларот како средство за оданочување на сит нас. Но, затоа тука е активиран стариот соработник на нацистите во Унгарија, и добар пријател на сите одродени потенцијални квислинзи во светот, Сорос, за да организира и плаќа протести на слабите или непостоечки платенички организации и во Русија а и во Кинескиот Хонг Конг. И сето тоа пак без никаква надеж. Сорос, и неговата идја за глобализација без граници и нации каде мултинационалните корпорации ќе го експлоатираат секој граѓанин, е поразена во самата Америка од американскиот народ кој гласаше за Трамп. Така Сорос сега мора да си ги троши повеќето од своите крвави пари во својата земја за рушење на легално избраниот претседател, Доналд Трамп.

Види го целиот текст. Руско-Кинеското оживување на златниот стандард за нивните валути значи крај на Доларот (Russia Today)

 

Остави коментар