Вклучи се во Одбраната на Македонија со Протести, Бдеења, Петиции и Дружење во Народниот Камп Пред Собранието!
Сподели на социјалните платформи:

Народниот Камп пред Собранието на Република Македонија веќе втора недела  ги продолжи своите обвовени активности во координираниот комплекс на активности за Одбраната на Македонија. Импровизираниот камп стана централно соборно место за разни активности како на пример неколкуте протести организирани пред Собранието против обидот на квислинзите за тивко, подло и подмолно анти-уставно разградување на Македонија како држава на Македонскиот народ.

Во овие протести учествуваа и ги организираа ред организации и движења како на пример Тврдокорни, МОС, Партијата во формирање на Солза Грчева, Македониум на Страшко Олумчев, Движењето Преродба, Левица итд. Народниот Камп е секојдневно посетуван од десетици граѓани и познати лица како Филип Петровски, Јорго Огненовски, итд. Од другите активности се издвојуваат потпишувањето на петицијата како и бдеењето во знак на солидарност со неправедно затворените Уставобранители.

Исто така, во народниот камп во знак на солидарност со овие луѓе кои го представуваат цветот на Македонштината група патриоти на смени деноночно го чува запалено кандилцето на слободата. Имаме сознанија дека нашите затворени браќа и сестри ги следат овие наши активности и дека тие многу им значат во овие за нив многу тешки моменти! Нашиот постојан протест и медиумскиот и политикиот протисок што тоа го креира имаат ефект! Нашиот Македонси Херој Игор Дурловски е пуштен на слобода, НО ТОА НЕ Е ДОВОЛНО! Бараме ослободување на сите патриоти од сите обвиненија, доелување на Медали за Храброст и најголеми национални почести. Бдеењето продолжува секоја ноќ со неколку патриот(к)и кои дежураат во смени од по неколку часа. Пријавете се за да добиете распоред и дадате вистинска подршка на нашите неправедно затворени браќа и сестри, Елена, Игор, Горан, Јане, Владо и другите. (Пишете во инбокс кај представникот на Преродба овде).

Еве исечок (кликнете тука) за тоа како почна ноќното бдеење во ноќта спроти водици во знак на солидарност со нашите Македонски Хероји и Хероини, Уставобранителите Елена, Игор, Владо, Горан, Илија, Панче, итн.

Пред Народниот Кампус исто така се потпишува и петицијата е за непризнавање на сите одлуки од ИНСТАЛИРАНАТА ,НЕЛЕГИТИМНА, НЕЛЕГАЛНА И НЕУСТАВНА ВЛАСТ, парламент и влада, дојдени на власт со кршење на Уставот на РМ и на недемократски начин, со насилие и ОКУПАЦИЈА, што по дефиниција се нарекува ХУНТА.”

Здруженијата “Перодба” и “Единствениот Македонски Пат” исто така неодамна ја изработија и доставија до ЈО и ОЈО Правната Ургенција која граѓаните ја подржуваат со потпишување на онлајн петицијата (Кликни и потпиши ја овде, петицијата е сеуште активна!).

За мотивација и пример за храброст за сите нас, погледнете го обраќањето на оваа тема на Македонската Хероина Ана Бобинкова од Октомври 2017 пред резиденцијата на Претседателот Иванов која бестрашно се соочува со полициските штитови на хунтата! Ана Бобинкова утре со вас заедно ќе ја поднесе правната ургенција до ЈО да постапи по законот и да им го одземе легитимитетот на пучистите!

Представникот на организаторите, Ана Бобинкова објасни дека правната ургенција се поднесува затоа што одамна се пробиени и не се испочитувани сите рокови за постапување на ЈО по доставеното Барање (од 21.03.2017 г.) за ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ОД 11 ДЕКЕМВРИ 2016 ЗА НЕДЕМОКРАТСКИ И НЕРЕГУЛАРНИ.

Се гледаме на протестите, дневните и ноќните бдеења, потпишувањето на петиции и едноставно, дружење.

Остави коментар