Македонска #3та Внатрешна и #2ра Надворешна Опција
Сподели на социјалните платформи:

Македонската #3та опција

Дека 2018 ќе биде клучна за одбраната на Македонија како држава и Македонскиот идентитет е повеќе од јасно. За тоа што сите го знаат а не сакаат да го изговорат при рака ни е Андреј Корибко кој во Декемвриското издание на Ориентал Ривју го вербализира она што квислиншката влада во Рeпублика Македонија го одработува за представниците на Дип Стејт:

“Република Македонија е во опасност да биде отстранета од мапата така што нејзиниот народ и територија може формално да се припои кон овие две униполарни структури (Албанија и Бугарија н.з.) под паролата на “диктатура на пролетаријатот” на Заев (диктатура на олигархатот н.з.), и се укажува на тоа дека 2018 година е година во која или македонските патриоти ќе преовладаат или самата земја ќе исчезне.” (Целиот текст на аналитичарот Андреј Корибко во Ориентал Ривју) (Гугл Преведувач на Македонски)

Македонската #3та опција ќе биде формирана од страна на разни постоечки и нови партии, движења и организации евентуално заедно со реформираното ВМРО-ДПМНЕ под водство на лидер скроен да се справува со криза. И додека на ВМРО-ДПМНЕ не може да се чека да ја спасува Македонија во клучниве неколку месеци затоа што е, а и ќе биде зафатен сам со себе и избор на нов лидер, третата опција брзо ќе добие своја физиономија. Дел од ВМРО-ДПМНЕ најверојатно подоцна ќе се приклучи кон третата опција, или пак ќе ја води доколку одбере вистински лидер кој е способен да ја води Македонија во одбраната на државноста и идентитетот. Засега политичкиот простор лево, десно и централно, е напуштен од сегашниот СДСМ кој е без идеологија и е за еднократна странска употреба и од ВМРО-ДПМНЕ кој се стопи поради наивното водство последниве кризни години.

Кој може итно и брзо да го пополни тој простор? Од етаблираните партии тука се Јанко Бачев од Народното Движење на Македонија (НДМ) и грогираниот Стефче Јакимовски од ГРОМ. Од порано политички ангажираните личности со високо ниво на препознатливост, партии најавуваат и Љупчо Палевски и Солза Грчева како и личности познати од светот на филмот, Јорго Огненовски. Партии најавуваат и досега неекспонирани патриоти со висок рејтинг во своите професии. Тука се и ред движења и организации кои беа единствени што имаа смелост да протестираат против законот за јазиците и договорот со Бугарија, во време на 6-месечниот диригираниот молк на ВМРО-ДПМНЕ кој наивно веруваше “на збор”во својот несмасен дил со ѓаволот. Тоа се Страшко Олумчев од СеМакедонскиот Национален Совет, Движење за граѓанско-цивилизациски вредности водено од Ристо Мијаковски и Ана Бобинкова, Движењето Преродба на Отец Тодоров итд. Тука припаѓаат и ред патриотски организации, Тврдокорни и МОС, како и ред Македонски Патриотски Здруженија (МПЗ) кои беа прво заведени, па замолчани (поради споменатиот дил со ѓаволот) па скроз баталени сега.

Клучно е дека никој од споменатите сам не може да ја повлече целата идеја од прости причини што време има малку а логистиката на градење партии е долгорочна како и евентуалната валоризација на било од кој од овие трети елементи на избори, затоа што избори ниту ќе има во догледно време, или пак ако ги има тие ќе бидат фер и демократски.

Единствено обединето и координирано делување на сите овие елементи во следниве недели и месеци и тоа на неколку нивоа, а) политички притисок, б) правни чекори за делегитимизирање на антиуставно инсталираните парламент и влада, и, в) оперативно делување на терен. Политичкиот притисок покрај самото формирање на третите патриотски партии, организации, движења и нивното присуство во медиуми и јавни настапи, може да се изврши со една граѓанска иницијатива за собирање на потписи за неменување на името на државата и сочувување на Македонија како држава на Македонците. Правното делување веќе се врши од неколку организации кои поднесуваат документирани официјални представки до судските органи за нелегитимниот избор на претседател на собрание и други прекршувања на законите и уставот. Третото, и засега најважно е оперативното делување на терен, ширење на мрежата низ цела држава и пројавување на нејзината сила преку индивидуални акти на протест како и подготовка за најважниот прв чекор во одбраната, заштитата на Македонските споменици. Ако спомениците паднат, паѓа и Македонија.

Ова го потврдува и аналитичарот Андреј Корибко: “Ако Македонците не се здружат за да го спречат она што лажно се продава како “аполитичка и антикорупциска кампања”, тогаш би можело да стане неизбежно нивната земја да престане да постои во сегашното име а можеби дури и државата (по внатрешна и/или надворешна поделба) до следната година. Ако спомениците паднат, Македонија паѓа, еднаш засекогаш, и затоа последна шанса да ја спаси Македонија е да ги спаси своите споменици. ВМРО има најголем потенцијал да организира легални и мирни демонстрации за поддршка на ова огромно важно прашање, но некои од партиската елита се за жал делумно компромитирани поради тоа што само може да се претпостави е притисокот на американските уцени врз нив, било да е тоа закана од физичко насилство или незаконско апсење под лажни изговори (“антикорупција”, “злоупотреба на моќ” итн.) од страна на извршителите на државниот удар. Како таква, на крајот треба да се формира Трета сила, која веројатно ќе расте од делови од ВМРО и различните движења на граѓанското општество кои се усогласени со ваквите цели, со цел да се спротивстават на ограничувањата кои и се наметнати на поранешната владејачка партија а и да послужат како мост за привлекување на “умерени” СДСМ поддржувачи кои беа заведени за време на последните избори.

Заштитата на македонските споменици – а со тоа и нејзината државност, цивилизација и идентитет – не смее да се обработи како партиски политички проблем, што впрочем и не е она што ВМРО го прави. Потенцијалната клучна улога на ВМРО во тоа како организациски центар на такво трето движење би им ја олеснило работата на СДСМ и неговите поддржувачи од Сорос да манипулираат со перцепцијата дека ВМРО со протестите се брани од обвиннијата за корупција. Затоа е неопходно Третата сила да се развие и да го преземе водството за време на овој историски клучен момент. Без оглед на тоа како се нарекува и како и да биде формирана или структуирана, оваа трета сила ќе биде авангардниот актер кој ќе ја штити Македонија од распад, при што нејзините членови сфаќаат дека моментот е сега или никогаш и ќе ја чуваат својата држава, бидејќи нејзиното постоење е неспоиво со плановите за експанзионистички планови на ЕУ и на НАТО.” (Целиот текст на аналитичарот Андреј Корибко во Ориентал Ривју) (Гугл Преведувач на Македонски)

И на крајот, она што  најважно  да се издржи во одбраната на Македонија во следниве неколку години бидејќи гео-стратешките прилика се развиваат во наша полза. НАТО после срамниот пораз од Русија во Сирија, поразот од Кина во Јужното Кинеско Море, како и свиткувањето опашка пред малата но дрска Северна Кореја, се повлекува од Балканот пред надоаѓачките глобални играчи, Русија и Кина, како и регионалниот играч Турција.

 

Остави коментар